Старец Порфириј, Бог и ракот

Старец Порфириј

Кога старецот, по закрепнувањето од болеста, ги обнови своите сили и почна да прима посетители, јас отидов кај него. Зборовите кажани од отец Порфириј со тивок и слаб глас, ме восхитија: ‘Кога бев млад, се молев на Бога, ако допушти да се разболам, тогаш болеста да биде рак. Знаеш, ракот е најубава од сите болести. Другите болести не ги сфаќаме сериозно, се надеваме дека набрзо ќе закрепнеме и затоа не променуваме ништо внатрешно. Но, кога знаеш дека имаш рак, тогаш си велиш: „Ова е сè. Ова е крајот. Не треба да се залажувам. Сега веќе ќе заминам’. Тогаш луѓето не можат да ти помогнат и ти сам стоиш пред Бога. Единствената надеж ти е во Него. Ти се фаќаш за таа надеж и се спасуваш.

По мојата неуспешна операција на окото и по примањето на огромни дози кортизон, јас чуствував како да ќе ми експлодираше главата. Мислев дека черепот ми се здроби на ситни делчиња. Болката беше страшна. Си помислив, дека Бог ја чул старата молитва и дека тоа е рак. Но… Знаеш, јас ја сопрев таа молитва, откако му раскажав за неа на еден епископ и тој ме прекори, велејќи, дека зад оваа молитва се крие егоизам. Но, сепак, болката беше многу силна. Тоа беше прекрасно“.

Расказот на отец Порфириј ме фрли во благочестив ужас, особено неговите последни зборови: „Болката беше многу силна. Тоа беше прекрасно.“ Колку ли само сили ми недостигаа за да се угледам на старецот.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz