Старецот кој го угостил свети Архангел Михаил

konstamonitou

Отец Пахомиј, кој беше гостоприемник во светогорскиот манастир Констамонит (манастир посветен на св. првомаченик Стефан) цели дваесет години, ни кажуваше дека после првите пет години од неговото послушание бил изморен од примање гости, и го замолил старец Филарет да му благослови некое друго послушание. Но, старецот му рекол:

– Ако напредуваш во смирението, чедо, ќе угостиш ангели.

И му посочил една чудесна случка од неговиот живот која никој не можел да ја објасни. Имено, и старец Филарет во младоста бил гостоприменик. Еден ден, се наоѓал во трпезаријата, и сите врати биле заклучени. Тој ја подготвувал трпезата, кога наеднаш, видел еден младич како влегува и му вели: „Благослови! Многу сум гладен!“ Изненаден од младичот, старецот по навика, со гостопримлива учтивост и љубезност му рекол:

– Добредојде! Седни си. Како се викаш?

– Михаил – одговорил младичот.

И пред да има време да му принесе храна на трпезата, младичот одеднаш исчезнал! Старец Филарет бил убеден дека тоа бил Архангелот. Со топлина во срцето се присетил на гостољубието Авраамово, кој се удостоил да Му служи на Бога Троица.

Архимандрит Херувим Карамбелас

Оставете коментар

1 Comment on "Старецот кој го угостил свети Архангел Михаил"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Старецот кој го угостил свети Архангел Михаил […]

wpDiscuz