Старец Порфириј: Надминување на депресијата

Денес луѓето честопати се чувствуваат тажно, очајно, летаргично, мрзеливо, апатично, сите тие сатански состојби. Тие се потиштени, незадоволни и меланхолични. Ги запоставуваат своите семејства, трошат пари на психоаналитичари и земаат антидепресивна терапија. Сето ова луѓето го толкуваат како „несигурност“. Нашата вера верува дека сите овие состојби произлегуваат од сатански искушенија.

Болката е душевна сила која Бог ја засадил во нас со намера да ни направи добро и да нè поведе кон љубов, радост и молитва. Наместо тоа, ѓаволот успева да ни ја одземе оваа сила од „батеријата“ на нашата душа, и ја користи за зло. Тој ја претвора во депресија, и нашата душа ја воведува во состојба на летарија и апатија. Нè измачува, нè заробува и нè прави душевно болни.

Постои една тајна. Претворање на сатанската енергија во добра енергија. Ова е тешко и побарува одредена подготовка. Подготовката се состои во смирението. Преку смирението ние ја привлекуваме благодатта Божја. Се предаваме себеси на љубовта Божја, на богопочитувањето и на молитвата. Но, дури и сè да направиме во овој свет, ништо нема да постигнеме ако смирение немаме. Сите лоши чувства, несигурноста, очајанието и разочарувањето, кои се обидуваат да ни ја заробат душата, исчезнуваат пред смирението. Човекот кому му недостига смирение, егоистот, не сака никој да му се испречи пред неговите желби, да го искритикува или да му се каже што да прави. Тој се вознемирува, се тревожи и насилно реагира, совладан од депресијата.

Ваквата состојба ја лекува благодатта. Душата мора да се заврти кон Божјата љубов. Лекот ќе дојде тогаш, кога ќе започнеме усрдно да Го љубиме Бога. Многу наши светители ја преобразиле депресијата во радост низ нивната љубов кон Христа. Односно, ја употребиле оваа душевна сила којашто ѓаволот сака да ја разруши, и ја предале на Бога, преобразувајќи ја во радост и восхит. Молитвата и богопочитувањето постепено ја преобразуваат депресијата и ја претвораат во радост, зашто благодатта Божја дејствува. Значи, ние ја имаме можноста да ја привлечеме благодатта Божја, која ќе ни помогне да се соединиме со Него. Потребна е умешност. Кога Му се предаваме на Бога и стануваме едно со Него, забораваме на злиот дух којшто нè влече одзади, и овој дух, кога ќе го презреме, си заминува. И колку повеќе се посветуваме на Духот Божји, толку помалку ќе се вртиме наназад кон духот што сака да нè одвлече. Кога благодатта ќе нè привлече, ќе се соединиме со Бога. А кога се соединуваме со Бога и себеси се предаваме на Него, сè друго исчезнува и е заборавено, а ние сме спасени. Големата тајна, големата уметност на ослободување од депресијата и сè лошо е предавањето на себеси во љубовта Божја.

Едно нешто што може да му помогне на човекот кој е депресивен е работата, животниот интерес. Градината, растенијата, цвеќињата, дрвјата, селото, прошетката на свеж воздух – сите овие нешта коишто го одвлекуваат човекот подалеку од неактивноста и ги будат неговите интереси. Тие делуваат како лекарства. Многу е полезно да се окупираме со уметност, музика и слично. Но сепак, она што е на врвот на листата, е интересот за Црквата, за читањето на Светото Писмо и посетувањето на богослужби. Поучувајќи се во словата Божји, се исцелуваме и без да бидеме свесни за тоа.

Ќе ви раскажам за една девојка која ме посети. Таа патеше од ужасна депресија. Лекарствата не ѝ делуваа. Се откажала од сè – од работата, домот, интересите. Ѝ зборував за љубовта Христова која ја заробува душата, преобразувајќи ја преку нејзиното исполнување со благодат. Ѝ објаснив дека силата која ја заробува душата во депресија е демонска. Ја фрла душата на земја, ја измачува и ја прави некорисна. Ја советував да се посвети на нештата кои порано ја исполнувале – спомена дека уживала во музика. Сепак, ѝ нагласив дека најважно е да Му се обрати на Христа со љубов. Уште повеќе, ѝ кажав дека во нашата Црква може да најде лек преку љубовта кон Бога и молитвата, внимавајќи сето тоа да го твори од срце“.

Оставете коментар

3 Comments on "Старец Порфириј: Надминување на депресијата"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Ви благодарам многу за овој текст. Можете ли некоја молитва да ни напишете за да се ослободоме од канџите на демонот и да се присоединиме со Бога. Велите потребна е умешност. Како треба да се молам за да ја стекнам оваа умешност? Простете ми.

Molitveno pravilo za pocetnici:

Nautro: Oce nas i Bogorodice Devo i Isusovata molitva: “Gospodi Isuse Hriste Sine Bozji Pomiluj me mene grsniot/gresnata”,koja se kazuva na sekoe jazolce na brojanicata i Simvolot na verata.

Napladne: Oce nas i Bogorodice Devo i Isusovata molitva (brojanica) i Psalm 50

Navecer: Oce nas i Bogorodice Devo i Isusovata molitva (brojanica) i Simvolot na verata.

Gi ima vo sekj molitvenik ili pravoslavnoto kalendarce.

Umesnosta se uci so sekojdnevno povtoruvanje, odnosno so disciplina i koncentracija.

Se nadevam deka Vi bev od pomos, a za ponatamu duhovnikot opredeluva za sekoj posebno kako ke se moli

[…] Кои се знаците на првиот стадиум на униние? Апатичност, отсуство на животен интерес… Како да се приметат првите симптоми на оваа болест? […]

wpDiscuz