Старец Порфириј: Другите се тело од моето тело

Никогаш не можам да ги осудувам другите, оти тие се „тело од моето тело“. Никој не си го мрази своето тело.

Делот од своето тело никогаш не го отсекуваме за да го отфрлиме, туку се обидуваме да го исцелиме. Кога гледаме дека некој човек го нападнал тигар и дека човекот е во голема неволја, ние не фрламе со камења за да го дотепаме, туку се обидуваме да го избавиме. Така е и со човекот кого го мачи некоја страст, па поради тоа страда. Значи, не треба да се свртиме против него, туку против неговата страст, против искушенијата. Тој страда повеќе од нас. Поради тоа и треба да го љубиме.

Суетата од нас прави празни битија. Кога правиме нешто за да се докажеме пред другите, стануваме празни луѓе. Сè што правиме, треба да правиме за да Му удоволиме на Бога, да Го почувствуваме Бога.

+++

Благодатта не доаѓа со помош на вештачки средства. Секако дека и средствата помагаат, но благодатта доаѓа тогаш кога ќе Го возљубиме Господа.

+++

Не им придавај никакво значење на соновите; со нивна помош лукавиот може да нè доведе во заблуда.

Преподобен Порфириј Кавсокаливиски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz