Недозволиво е некој да го избегнува венчалниот јарем

Никој не би се противел кога би рекле дека најважниот ден во животот на еден човек, по неговото раѓање и крштение, е денот на неговото венчание. Тогаш, не нè изненадува фактот што целта на современиот институциски метеж е токму кршењето на најчесната и светата тајна на венчанието. За многумина, венчанието е можност за задоволство и забава. Животот, од друга страна, е сериозна работа.

Животот е духовна борба, напредок кон единствената цел: небесата. Најкритичниот јазол, и најважното средство во овој напредок е венчанието. Никому не му е дозволено да го избегнува венчалниот јарем, без разлика дали ќе склопи таински брак посветувајќи Му се на Бога (монаштво), или пак, светотаински брак со сопруг/а.

Знаеме дека бракот е тајна воспоставена од Бога. Тој е чесен (Евр. 13, 4), „голема Тајна“ (Ефес. 5, 32). Невенчаната личност поминува низ животот и си заминува; овенчаната личност, пак, живее и го искусува животот во полнота.

Старец Емилијан Симонопетриски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz