Старчество, духовништво, свештенство

Руска црква

  1. Одете во црква, исповедајте се, прашувајте ги сите за тоа што Ве интересира. И тогаш кога ќе најдете некој најблизок до вашата душа, обраќајте (исповедајте) му се само нему.
  2. Тие старци што ги барате вие, не постојат. Тоа е затоа што не постојат послушници, туку само полемичари [дебатери].
  3. Духовникот се повлекува кога луѓето не го прифаќаат Божјото од прва, а понатаму молчи.
  4. На служителот во Црквата потребна му е сопатничка (помошник), а не пречка.
  5. На свештеникот не му приличи да глуми – тоа е тежок грев за него.
  6. Нема смисла и полза да се размислува постојано за себе и како слеп за рака да се носиш самиот себе, затоа што човек на таков начин станува очаен.
  7. Светејшиот Патријарх Алексеј Ι еднаш рече: „Сè што е напишано во требникот исполнувај го, а сè што се наоѓа зад ова – трпи го. И ќе се спасиш“.

Старец Јован Крестјанкин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz