Пости и моли се, и ќе направиш големи дела

„Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот“ (Изрек. 15,24). На сите им е познато што е пеколот, и дека во него секој може да се најде поради своите дела. Меѓутоа, не сите се сеќаваат на тоа и не живеат правилно до таа мера што грижата за избавување од пеколот би била видлива. Многумина живеат на среќа, мислејќи: „Можеби некако ќе го избегнеме пеколот“. Но, каде е тука нашиот разум? За некои овоземни дела и може да фрламе коцка. Меѓутоа, коцкање во едно така одлучувачко дело, кое во сите векови веќе нема да може да се измени, покажува неразумност од највисок степен. Не гордеј се разуме со својата разумност кога на ова не се сеќаваш, и кога не ни нудиш мисли за животот со кои, одвраќајќи се од адот, би се спасиле.

Пости и моли се

Свети Теофан Затворник

Пости и моли се, и ќе направиш големи дела. Ситиот човек не е способен за големо дело.

Свети Јован Кронштадтски

Наједноставниот одговор на прашањето како треба да се живее во деновите на Великиот Пост, но и не само за време на постот: Да живееме и да не сметаме никому, па дури ни на капката вода да не ѝ го реметиме мирот. Тивко, тивко горејќи во пламенот на добрината.

Архимандрит Владимир Зорин

Оставете коментар

5 Comments on "Пости и моли се, и ќе направиш големи дела"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Ve molam, pomognete mi. Ok koe delo Vi e zemen izvadokot na Sv. Theofan?

Игнатиј, поуката на св. Теофан Затворник е земена од неговата книга „Мисли за секој ден во годината“.

A kade moze da se nabavi knigata?

Лиле, мислам дека книгата, за жал, ја нема преведно на македонски јазик.

wpDiscuz