Спасителен екуменизам

kaketi-gruzija

Еднаш, авва Макариј пошол на Нитриската Гора со ученикот, кому му рекол да оди пред него. Ученикот, откако се нашол на некакво растојание од аввата, се сретнал со еден идолопоклонички жрец кој, носејќи дрва за потпалување, итал некаде. Ученикот му се обратил на жрецот: „Каде трчаш, слуго сатанин?“ Жрецот се налутил, го претепал и го оставил да лежи, едвај дишејќи. Жрецот си продолжил по патот, и го сретнал блажениот Макариј, кој го поздравил со зборовите: „Здраво, здраво, трудбенику!“

Запрепастен, жрецот рекол: „Што добро најде во мене, па ме поздрави така?“

Старецот му одговорил: „Те поздравив затоа што видов дека се трудиш и грижливо брзаш некаде“.

– Поради овој твој поздрав ми дојде умиление и узнав дека ти си голем Божји слуга. А спротивно на тебе, оној проклет монах кој ме сретна, ме навреди – и јас го премлатив.

Велејќи го ова, жрецот паднал пред нозете на авва Макариј, ги прегрнал и извикал: „Не те оставам додека не ме направиш монах.“ Тргнале заедно по патот. Доаѓајќи до местото на кое лежел пребиениот монах, го кренале и на раце го повеќе до храмот. Жрецот се покрстил, а подоцна и се замонашил. Научени од неговиот пример, многу идолопоклоници примиле христијанство.

Авва Макариј велел: „Лошиот збор од добрите луѓе прави лоши, а добриот збор и лошите луѓе ги прави добри.“

Оставете коментар

1 Comment on "Спасителен екуменизам"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

– Поради овој твој поздрав ми дојде умиление и узнав дека ти си голем Божји слуга. А спротивно на тебе, оној проклет монах кој ме сретна, ме навреди – и јас го премлатив.
Aва Макариј или некој екуменист го преработил текстот.
Ајде прочитајте го ова повеќе пати и ако откриете нешто чудно јавете ми се бидејки јас со чиста совест ќе речам – екуменизам, НЕКА БИДЕ АНАТЕМА !!!

wpDiscuz