И создаде Бог камен кој не може да го крене, по Својот лик го создаде

Пред некој ден, еден човек ме праша пред едни луѓе: „Ваша Светост, дали Вашиот Бог е семоќен?“
Јас го погледнав, и му реков: „Да.“
Тој продолжи: „А, кога Тој е семоќен, дали може да создаде камен кој не може да го крене?“
Повторно го погледнав, и го прашав: „Пријателе, дали ќе се налутиш ако јас те прашам нешто?“
Тој рече: „Не.“
Јас потворно го прашав: „За секој случај, пријателе, уште еднаш ќе те прашам, да не се налутиш?“
Повторно тој: „Нема.“
И по трет пат го прашав: „А уште еднаш да те прашам да не се налутиш?“
А тој ми вели: „Ама нема да се налутам!“
И тогаш му реков: „Добро, штом нема да се налутиш. Сега кажи ни на сите – дали ти можеш да бидеш паметен?
Тој, молчи ли молчи, и размислува; ако рече „можам“, значи дека не е паметен; ако, пак, рече „не можам“, повторно, не е паметен. И така, молчи, и на крајот вели: „Ни едното, ни другото, јас веќе сум паметен!“
И јас му реков: „Ете, пријателе, и мојот Бог создаде камен кој не може да го крене!“
А тој со чудење ме праша: „Кој е тој камен?!“
Му одговорив: „Ти си тој камен, не може тебе ни Бог да те спаси, ако ти самиот не сакаш да се спасиш.“

од кажувањата на блаженоупокоениот патријарх Павле

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz