Современа духовност

Во нашето забрзано општество, кое се темели на забрзано уживање, луѓето бараат и забрзана примена на духовност. Потонати во калта на примамлива чувствителност, тие го бараат духовното преку похотливото. Хипнотизирани во својата фалшива самодоволност, луѓето се стремат кон некаква духовност, кoја ги доведува до уште подлабока хипноза, но со духовен сјај. Тие мислат дека ќе добијат утеха сред нечистотијата. Немаат сили да стигнат подалеку, зашто непомирливо бунтуваат да се соочат со сопствената нечистотија.

За постигнување напредок во духовниот живот, треба јасно да знаеме дека секој од нас не е поразличен човек, дека сите ние сме навикнати да бараме забрзано уживање. Ако ги отвориме очите за оваа вистина, ќе се издигнеме повисоко од рамките на средината. Треба да сме на jасно дека независно од нашиот став и претходни очекувања, внатрешното прочистување е процес што трае цел живот. Единствен пат за неговото остварување е покајанието. „Ете, тоа е чудо – колку повеќе Го гледам Бога, односно колку повеќе сознавам за мојата недостојност пред Неговиот поглед, толку поревносно во мене станува покајанието “, пишува старец Софрониј.

Јеромонах Дамаскин Христенсен

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz