Исповед на една жртва

продолжение на Скорешна историја на содомијата

Деновиве разговарав со еден од луѓето, за кои никогаш нема да пишува ни веникот „Фома“ ни ЖМП (Журнал на Московската Патријаршија).

Поранешен монах. Сега тој има 30 и нешто години, и работи световна работа. Тој ме најде, за да ми се заблагодари за тоа, дека со минатогодишните мои публикации, сепак сум му помогнал нему, кој тогаш веќе ја слекол мантијата, да ја сочува верата.

„Не е лесно да започнам да го пишувам она што е во моите спомени, сфаќајќи, дека тоа што ќе го напишам останува (со голема веројатност) во историјата. Предвреме се извинувам за стилот. Но, сега стилот не е важен. А што е важно? Зошто се навраќам на минатото? Што сакам да добијам?.. Сакам да направам сè што зависи од мене (а тоа ‘сè’ е моето писмо до авторитетен богослов), за младите луѓе, како што бев јас во тоа време, кои ќе сакаат да ѝ послужат на светата православна Црква, на Господ наш Исус Христос, да знаат од што и од кого, меѓу другото, треба да се чуваат во почетниот период од својот живот. Периодот, кога природната (oсобено за младиот почетник) безгранична доверба кон својот духовен отец, ќе им штети на двајцата. Го започнувам ова писмо-исповед, чија цел, верувам, ќе биде мој придонес според силите, мојата лепта во оздравувањето на црковно-православниот живот во Русија. Целта на писмото НЕ претставува оцрнување на високиот клир, НЕ е бунт против Руската Православна Црква и Нејзините правила, НЕ е ропот на Господ наш Исус Христос…

Поминаа веќе доста години, откако си заминав од N и прекинав секаква комуникација со човекот, кој изврши многу силно (трагично) влијание врз мојот живот, владиката Z.

… Почнав да одам во црква. Моите професори ми велеа да бидам внимателен, зашто примерите, кога младиот човек го запоставува учењето заради религиозното „просветлување“ дури и тогаш ги имаше повеќе од доволно. Но, нивните зборови не ги сфаќав сериозно, јас верував и на професорите им одговарав, дека според мене, самите свештеници прават многу важна социјална работа, помагајќи на стари лица, на жени со слаба психичка состојба, и на други слични луѓе да пронајдат душевно спокојство, да се помират со жестоката реалност, но самите тие, како луѓе повеќе интелектуално развиени, секако, не веруваат во она што им го кажуваат на своите „пациенти“. Чекор понапред, би рекол, дека за некои пастири (и не само) од нашата епархија, мојата забелешка беше навистина точна. Но тогаш, во тоа време, самиот проблем на дихотомија на верата и неверието, за мене не постоеше, јас сметав дека свештениците се преправаат, за доброто на несреќните луѓе, и за таа нивна навистина тешка „работа“, тие се достојни за секаква почит…

Но, наскоро се запознав со свештеник, кој ми откри една чудесна реалност: излегува дека постојат интересни луѓе, образовани, културни, но освен тоа, тие навистина веруваат и живеат со верата во она што е напишано во Символот на верата… После половина година, јас се причестив за првпат во животот. Сето свое слободно време го поминував в црква. Речиси го запоставив учењето.

Престанав да се бричам, да се стрижам. Почнав секој ден да ги читам утринските и вечерните молитви, отечникот на свети Игнатиј (Брјанчанинов), почнав да живеам само со тоа: со разговори за чуда, старци, исцеленија итн. Кај нас, во парохијата често доаѓаше еден млад јеромонах Е., кого владиката го пострижа (заради невозвратената љубов од некоја девојка) и го ракоположи на 19 годишна возраст. Јеромонахот Е. не можеше да го издржи тој живот. Тој беше висок, убав (што е важно за понатамошното разбирање) младич, и после неколку години остави сè и се ожени.

Но тоа беше потоа, а тогаш, ние го гледавме како Нео од „Матрица“. И тој, Нео, како да ни велеше: „follow the white rabbit“ [од „Алиса во земјата на чудата“]. Излишно е да се каже, дека тој младич немаше никакво црковно (ниту светско) образование, никаков опит од црковен живот, тој беше само прв од околу 15-мината младичи (во епархија од 50 парохии), кој се оддаде на авантурата црковен кариерист, кај многу жесток и никому непотчинет човек, каков шо беше и е владиката Z. Но, ова го пишувам сега, а тогаш…

Околу 5 месеци после мојата прва причест, јас секако почнав да мечтаам да станам не нешто друго, туку… монах. Разговарав со настојателот на нашиот храм. Тој, како длабоко духовен и опитен човек (не е шега, веќе 7 години поминаа откако завршил средно), ме посоветува да почекам некое време. Нему му беше пријатно што неговата парохија му подготвува кадри на владиката, пријатно како на менаџер. Според неговото мислење, веројатно излегуваше дека тој е ефективен менаџер, како што велат сега. Накратко, после неколку месеци јас и тој отидовме на прием кај архиерејот. Во тој септемвриски ден, епископот не се чувствувал добро и го прими само настојателот, со мене не разговараше. Приближно, после половина час, настојателот излезе и ми ги кажа зборовите на владиката, дека после неколку месеци, некогаш во постите, ќе ме постриже за монах. Токму така, дури и без да ме види, без мене ме пострижаа 🙂 . Но, секако, и јас тоа многу го посакував. Друга работа е што едно е момче, а друго е маж; има време кога имаш 18, и има време кога имаш 50 години. Леле, толку бев среќен тогаш! Мене ме благослови преемник на апостолите! Мојата желба да ѝ послужам на Црквата Му е угодна на Господа.

И така, почнаа некако да ме подготвуваат. После неколку недели, јас лично дојдов на прием кај архиерејот, му ја потврдив мојата желба да станам монах. Наскоро, по покана на владиката, станав негов ипоѓакон, почнав да го придружувам во патувањата низ епархијата. Ќе напомнам, дека моите родители се разведоа уште кога бев мал. Со татко ми не комунициравме, а потреба од „татко“ имав. Почнав многу да му верувам на владиката. Во тој период, владиката беше многу добар кон мене, ми помагаше со пари. Мене многу ми ласкаше тоа, што ме направија постар ипоѓакон.

Тука е потребно да кажам уште и дека владиката ми велеше дека треба да се едуцирам, рече дека ќе ме испрати во Италија, или Швајцарија. Потоа почна да вели, дека можеби ќе учам во Московската семинарија, но не под општи услови, не во интернат, туку дека ќе ми изнајмува стан. За момент, замислете си еден младич, кој ги слуша тие зборови од неоспорлив авторитет… Јас, секако, му верував…

Неколку дена пред мојот постриг, тој ми рече: „утре одмори, не доаѓај, а задутре имам за тебе една работа“. Доаѓам утрото, и тој ми вели – вечер ти е постригот… А јас, само да ја исполнувам волјата на Господ – Владиката (што во тој момент за мене беше исто). После постригот, мене ми дадоа соба на истиот спрат, каде што беше и собата на владиката. Се сеќавам на својата прва вечер таму… Ми беше жал за мајка ми. Ми беше страв, зашто поголема вера немав, но верував само во тоа, дека ако го слушам владиката, ќе се спасам. Многу удобна вера…

Град, соборен храм, јас како монах. Секако, почнав да се заљубувам, надојдоа искушенија, почнав да се исповедам на владиката, дека ете, и сонови гледам и сл. Еднаш, гледајќи дека само разрешувањето на гревовите не помага (како што ми објасни), владиката реши да прибегне кон поефикасно решение за моите искушенија. Еднаш ми рече: „ќе те прегледам. Оди во својата келија, ќе дојдам“. Дојде, ја заклучи вратата однатре (а мене секогаш ме караше ако го сторев тоа), рече „легни на креветот на грб, и спушти ги пантолоните до колена“. Имав ли барем една мисла на недоверба? – Не, воопшто. На тоа и се засноваа неговите планови. Ќе се обидам буквално да се сетам што ми рече: „можеш ли да направиш нешто за тој да изреагира?“ [се мисли на половиот орган]. А самиот беше сериозен, како да се грижи за нешто. Е тогаш јас пројавив малодушност и му реков: „Не, владико, бидејќи многу сум збунет од Вашите зборови, не можам да претпоставам како е можно да се исполни вашата прозба.“ Се налути владиката, почна да ми вика. Вели, „јас сакав да ти помогнам, а така, нема да си отиде таа зараза од тебе.“

Незадоволен стана да си оди, и си отиде… Наскоро ме избрка од таа келија, исто така со голем скандал. На другите им велеше дека сум згрешил нешто. Јас почнав да живеам дома, на радост на мајка ми…

Владиката обожуваше бањи. Ќе си дојде од пат и веднаш во бања, но не сам, туку и јас со него. А таму, и ме влечеше, и ме земаше в раце (како да игра, но не ме пушташе). Бараше и масажа да му правам: ќе легне на грб, и вели, ајде како што знаеш измасирај ми ги градите, стомакот, нозете. Мислите дека имав некаква помисла за тоа што се случува? Немав. Ноќевав во истиот дом, во соседната соба. Неколку пати, владиката доаѓаше наутро порано, околу седум часот, и почнуваше да ми го бакнува лицето: очите, образите, усните, демек пројавува татковска нежност. Мислите дека имав барем некоја мисла, дека нешто не е во ред? Немав. Или лежиш после служба на грб на кревет во облека, никого не го чепкаш, ќе влезе и ќе легне на тебе лице кон лице… Еднаш, заминавми во една парохија, отслуживме сеноќно бдение, нè одвезоа во гостилницата, и нè сместија во една соба (да додадам, тој сакаше да спиеме во еден кревет, иако имаше втор кревет). Почна владиката да игра нова игра. Јас гледам телевизија, тој пак се гали без око да му трепне. Туку одненадеж рече: „а може да ти ја соблечам кошулата?“ И пак незадоволен, си замина да спие – Не, – реков, – владико, не може! – и излегов од собата, демек да читам. Мислите дека барем некаква мисла имав дека се случува нешто што не треба? ДА, ИМАВ, и веќе не една. И почнаа да ми се составуваат коцките, и почнаа поинаку да ми се толкуваат тие и другите такви настани.

Се обидував моите откритија да им ги раскажам на свештениците од нашата епархија; ме поддржуваа, но многу брзо тоа дојде до владиката, почнаа гонења, и наскоро ме испратија (конечно) во семинарија. Но, тоа е веќе сосема друга приказна…

Што сакав да кажам: Луѓето, влегувајќи во храм, ја симнуваат капата, а не главата. Мојот опит, се надевам ќе им помогне на оние кои ќе дојдат после нас. Не треба да веруваме во човек, треба да веруваме само во Човекот, во Еcce Homo, во Господа и Спасителот наш Исус Христос“.

+ + +

Мојата грешка беше во тоа, што имено тој владика јас никогаш не можев да го замислам во редот на хомосексуалци. Однадвор, според моите сопствени спомени за него од богословијата, по неговата биографија, тој ми изгледаше како монах од строго конзервативен и аксетски тип…

+ + +

Така се случи, што тој млад монах доби можност преку исповед да му ги каже тие свои авантури и душевните бури кои се родиле во него, лично на патријархот. Владиката-хомосексуалец доби повишување на платата. Така што, за една работа јас и пред една година не згрешив: Патријархот подобро од мене ги знае своите епископи.

Ѓакон Андреј Кураев

Приредил: м-р Златко Дивјаковски

Оставете коментар

6 Comments on "Исповед на една жртва"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Сепак да внимаваме оваа корисна повест да не стане сопка за оние што тежнеат кон монашки подвиг и за верниот народ воопшто. Имено, човекот е должен да има силна вера во Божјата Промисла знаејќи дека Бог нема никогаш да допушти над него искушенија што ги надминуваат неговите сили. Искушението на младиот монах за кого станува збор овде, како и секое друго искушение, може да биде надминато на многу разновидни начини и оценето од Бога со оцени кои се движат не од еден до десет, туку на една незамисливо подолга и повисока скала. Бог знае со колкав опит, со какво срце,… Read more »
Златко Дивјаковски
…„Жртва која наоколу зборува за доживеаните неволји – тоа нема ништо заедничко со монаштвото. Зашто монахот не може духовно да порасне ако трпи логични страдања. Монахот само ако е во состојба сите доживеани глупости да ги проголта Христа ради љубејќи ги и покривајќи ги сите во се’ може да го стекне рајот уште овде на земјата“… Драги брате Игор. Твојот одговор секако заслужува симнување капа (без иронија), и твоето светотаинско гледање на монаштвото, секојдневното умирање и воскреснување во Христос секако е идеал кон кого треба да се стремиме сите. Но..! Црквата како Тело Христово, ги опфаќа сите луѓе кои го… Read more »
Време за пештери (општо) е секогаш, а поединечно: тогаш кога човекот сака и може (духовно е подготвен, односно и аскетски и благодатно е изграден) за таков подвиг. Некои многу не се мислеле и успеале од прва. Инспирација за тоа може да биде и соблазната од недостојноста на христијаните или крикот кон светот како општествена категорија, тоа е веќе лично. Сметам дека и вие и јас многупати со внимание сме ги препрочитале житијата на многубројните светии за да има потреба да ја отвараме таа тема. Исто така сметам дека крајот на светот за секого од нас се приближува доволно силно и често… Read more »
За да нема забуна, под „покривање на гревовите“ не подразбирам да се учествува во гревот. Ако вие гледајќи го гревот на другиот го игнорирате тој грев како да не постои, ако се молите за тој човек (особено ако е клирик, христијанин), ако давате милостиња за Бог да го ослободи од неговиот порок, ако прифатите и уште некој друг подвиг во тоа име, Бог ќе ве испита дали и колку навистина сте подготвени да се жртвувате за тоа и паднатиот ќе стане, ќе се разбуди и ќе се исцели. А вашиот венец ќе го почувствувате многу брзо, како нова и навистина… Read more »
Златко Дивјаковски
Почитуван брате Игор. Личносниот аскетски аспект е неминовен и задолжителен за секој христијанин. Но, пак ќе спомнам, не залудно Бог ја поставил структурата во Црквата, и не залудно се дадени и законите и правилата. Нема да зборуваме за Божјите патишта, или за тоа како и што Он му одредил на некого да пострада, зашто само Нему тоа му е познато. Но, знаеме дека сите ќе дадеме одговор пред Бога за она што ни е доверено да го правиме. Го ставивте Христос во интересна позиција на потресна средба со хомосексуалец. Несомнено дека се сретнале, и дека Христос ќе се сретне, со… Read more »
Ќе настојувам да не разговараме на едноставното човечко рамниште за теми од богочовечкиот живот, каков што според мистичната поставеност (а друга нема) е христијанскиот живот, уште повеќе монашкиот и оној на духовниот пастир (во горе наведениот случај архиереј). Не знам дали е неопходно да се каже, но оправданоста на ова мое стојалиште лежи во фактот на одживеан опит, а не на претпоставки; лично би ми било дегутантно да прозборам за олку сериозно прашање ако зад себе немам јасни плодови, конкретни и се разбира повеќе од крстовоскресни. Духовен факт е дека секој кој еднаш умрел на крстот вкусил дека по Воскресението,… Read more »
wpDiscuz