Смирението ја зацелува болката

„Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши.“ (Мт. 11,29)

Себе-доверувањето и себе-центричноста водат до различни облици на болка, страв и фрустрација – со себеси, со другите и со животот, воопшто. На крај, човек станува себе-изолиран и неспособен за било каков вистински однос. Смирението, од друга страна, нежно ме придвижува надвор од себе и ме отвора за еден вистински однос со Бога, себеси и другите. Можам многу полесно да побарам помош ако ми е потребна; полесно да ми помине гневот; да ја видам мојата улога во конфликтите и да ги прифатам другите и себеси, гледани со Божји очи. Можам да направам чекор наназад, или само да се наведнам под бранот, кога е тоа потребно.

А под смирение не мислам на прпелањето во моите неуспеси, преправањето дека не сум во право кога сум или постојаното присилувањето себеси на нешто неразумно или невозможно. Тоа не е смирение, а тоа го знам затоа што не ми носи „мир на душата“.

Понизноста и смирението на Богочовекот ќе ми бидат пример за делување денес, за Тој да ми даде очи да гледам и уши да слушам како Него. И ќе бидам близу до Него во срдечната молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешната.“

Монахиња Васа Ларин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz