Смирението е вистинска храброст

Постои страв Божји и страв човечки. Стравот Божји е смирението, а човечкиот страв е малодушието.

Од каде се појавува човечкиот страв?

Ако имаш таков страв, значи си суетен? Оној кој не е суетен го отфрлил човечкото срце и е исполнет со Божја благодат, од една сила во друга сила. Човечкиот страв е енергија на светското срце. Светското срце е она срце што е прилепено до светот, кој пак, како пајак ги сиса неговите животни сили. Тоа е срце во кое наместо крв, тече нечистотијата на лошите мисли.

Како се победува стравот?

Многу просто – биди смирен. Во смирението потонуваат сите стравови и помисли, како камења во огромен океан. Тогаш ќе разбереш дека смирението е и вистинска мажественост. Но, не таа мажественост за која се зборува во светот, туку мажественост на смирението, кое раѓа чисто срце. Чистото срце кое го спознало Неспознатливиот и го сместило Несместливиот нема човечки страв, туку има страв Божји, кој пак, се претвора во него во неизмерна Љубов.

Од што се раѓа мажественоста?

Од непрестана молитва! Уморот и немоќноста, стравот и малодушноста бегаат од непрестајната молитва, а мажественоста, трпението и целомудрието го облекуваат срцето, кое придобило непрестана молитва, со нескршлив духовен штит.

Како да ја задржиме молитвата непрестајно?

Потребно е да не се допушти стравот и плашливоста да ја скршат цврстината на духот. Треба да се подражаваат опитните, да се подвизуваш како опитен Христов воин, кој пак, без страв оди онаму каде што е опасно и без малодушност стои онаму каде што е тешко.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz