Директен пренос на службите од Страсната седмица на арапски јазик

Преку донација на добронамерни верници, намесништвото на Бејт Џела (Ерусалимска Патријаршија) од Светата Земја во текот на Страсната седмица врши директен пренос од овие свети и свештени богослужби. Градот Бејт Џела се наоѓа меѓу Ерусалим и Витлеем, и е познат како домот на св. Николај Чудотворец (Мирликиски). Речиси 250 илјади арапски православни христијани потекнуваат од ова мало место, од кои дури 100 илјади моментално живеат во Чиле, а други 25 илјади во Хондурас. Токму поради тоа парохиското свештенство се решило на овој мисионерски технолошки чекор.

Оваа единствена можност за следење на палестинскиот богослужбен живот може да ја искористите доколку се упатите на нивниот YouTube канал: Orthodox Church Beit Jala.

Видео: Велики вторник. Благовештение на Пресвета Богородица.

Потсетник: Гледањето на директен пренос од богослужбите не значи и учество во нив. И додека овој чекор може да има мисионерски карактер, не постои замена за директното учество во богослужбите од Страсната седмица.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz