Слушање на Бога и послушание (1)

Некои од вас живеат во близина, други пак, пријдоа оддалеку. Да се дојде од далечина, од географска гледна точка и не е толку тешко, благодарејќи на брзината на современиот транспорт, но да се премине духовната далечина – е тоа е далеку посложено. Сепак, не е толку важно од каде дојдовме, важно е да се знае каде одиме и како да ја достигнеме нашата цел. За тоа неопходни ни се луѓе, кои како планинарските инструктори ќе можат да ни го покажат патот и да ги пронајдат и да ги приберат оние кои се заблудиле или стојат на раб на пропаст. Имено, тоа е улогата на духовништвото.

Неколку забелешки

Практиката на духовништво често се сретнува со забелешки, особено во нашите дни. Ќе напоменам четири критички забелешки кои најчесто можеме да ги слушнеме:

  1. Се цитира Евангелието од Матеј: „и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата“ (Мт. 23, 9)
  2. Идејата на духовништво ги шокира нашите современици, кои се приврзани кон демократија и рамноправност.
  3. Од тоа што вистински духовни отци се сретнуваат ретко, се донесува заклучок, дека е можно да се живее православно и без нив.
  4. Опасности од злоупотреба

Што е духовен отец?

Да размислиме за тоа какво место зазема духовништвото во животот на Црквата.

Соловјов, во своето философско завештание „Три разговори“, напишано во последните месеци од неговиот живот, изложува свои погледи за крајот на времето. Тој опишува како антихристот во Ерусалим свикува Вселенски собор за обединување на христијаните. Најголемиот дел од учесниците на тој собор ќе го примат обединувањето, како што него го замислил Соловјов. Исклучок ќе бидат мали групи, кои ќе се спротивстават. Во неа ќе бидат католици, на чело со папата Петар II, протенстанти на чело со Ернст Паули – познат германски богослов. За православните е речено дека нивен вистински, макар што неофицијален водач ќе биде старец Јован, многу познат меѓу рускиот народ.

М.В. Нестеров «Тројца старци»
М.В. Нестеров «Тројца старци»

Избирајќи старец како личност кој ќе го претставува православието, Соловјов, се разбира, покажал многу длабока интуиција, но во исто време не ја определил целосно таа личност. И навистина што е тоа старец? Да се сфати што е папа или што е универзитетски професор е прилично лесно. Но што е старец? Неговото служење не е определено од каноните на Црквата, туку има пророчки размер, кому не му се непотребни надворешни критериуми. За старецот можат да се применат евангелските слова: „Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и на каде оди; така и со секој човек роден од Дух“ (Јн. 3, 8). За вистинскиот старец можат да се однесуваат зборовите на преподобен Силуан Атонски: „совршените не говорат ништо од себе, туку го говорат она што им го внушува Духот“. Но, ретко се сретнуваат такви луѓе. Наспроти старчеството постои тајната исповедание, тајна која е востановена од Црквата, која се определува од каноните и се регулира со црковна дисциплина.

Така, имаме – шематски – нешто налик на две половини. Од една страна свештеник кој исповедува, заснован на канонската традиција на Црквата, кој со расудување ја извршува тајната исповед и дава простување на гревовите. Во таа смисла тајната покајание се извршува налик на судски процес и се завршува со одлука: гревовите или се простуваат, или не. Од друга страна, старецот, следејќи го преданието на Добротољубие го пренесува исцелувачкото слово на животот. Тука веќе не сме во сфера на суд, туку, напротив, во духовна болница, таму каде што оние кои веруваат добиваат лекување преку слово.

Според мене, духовните отци, гравитираат кон едната или другата од тие половини: едни се побиску до исповедувачките свештеници, другите до старците. Со оглед на тоа што духовништвото се наоѓа помеѓу тие полови, тоа може да биде сфатено и применето на неколку начини; следствено на тоа, неговите граници не можат да бидат јасно оцртани.

(продолжува)

Архимандрит Симеон Брјушвајлер
Извор: „Православен Пат“ бр. 28, СПЕ

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz