Случка од животот на архиепископот Аверкиј

Архиепископ Аверкиј

Не знам дали е ова точно, но еден од постарите епископи – архиепископот Аверкиј Таушев (1906-1976) ми го раскажа следново. Тој многу се интересирал за психологијата. Некој студент, пак, дошол кај него и му кажал дека св. Јован Кронштатски го читал Зигмунг Фројд, што за студентот било многу интересно. Тој уште побарал и мислење од архиепископот по тоа прашање:

– А Вие, Владико, сте слушнале за Зигмунд Фројд?
– Секако дека сум слушнал – одговорил архиепископот.
– А, верувате ли Вие во постоењето на душевни болести?

Архиепископот одговорил:

– Секако, и тоа го гледам секој ден. Секој еден, кого Бог го возљубил, а кој – без разлика на тоа – е спремен своеволно да прави гревови, и да не Го љуби Бога за возврат, бездруго е душевно болен.

Што мислите, во која група спаѓаме ние?

Схиархимандрит Јоаким Пар

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz