Слово на концерт: Рок кон небото

Санкт-Петербург, Ледовиј Дворец
14 Јануари 2003 г.
Учествуваат: ДДТ, „Алиса“, „Калинов мост“,
Борис Гребеншчиков, Вјачеслав Бутусов, Олга Арефева
12 000 гледачи

Со Рождеството ве поздравувам вас луѓе!

Човекот по тоа се разликува од животното, што животното само живее, а на човекот му е потребен повод за живот. Како што се потребни поводи за да задејствува некоја група мускули, така на душата ѝ се потребни поводи за да се оживее себеси, за да се пројави.

Душа – тоа е тоа што боли во човекот, кога цело тело е здраво. Не срцевите мускули болат, не левиот желудник, туку душата. Боли – и со својата болка докажува, дека таа постои. Додека човек не го заболат бубрезите, тој и не знае каде тие се наоѓаат. Додека човек не го заболи душата – тој не го ни претчувствува нејзиното постоење.

Додека ненапрегнувајќи се живееш во полусилие и пливаш по течението, како и сите, не ги забележуваш ни силите на течението, ни својата душа. Но еднаш срцето го запалува мислата: зошто сум јас тука? Што е тоа човек? Што е мојот живот? Само тире меѓу две дати на надгробен споменик? А човекот – само покојник во пензија? Зашто јас не сум постоел до моето раѓање? И наскоро пак ќе ме снема – веќе засекогаш. Небитието ме пуштило на побивание и пак ме избришало. Мене не ме имало цела вечност потоа нема да ме има исто така вечност. Во тоа ли е смислата на мојот живот? Тоа ли е „сè што ќе остане после мене“?

И тогаш разбираш: мојата биографија не се сведува на историјата на моето тело, т.е. на крајот на краиштата на историјата на моите болести – од првиот заб до последниот инфаркт.

И тогаш разбираш, дека најглавното запознавање кое може да се случи во твојот живот – тоа е запознавањето со својата душа: ти, излегува дека постоиш. Ти моја душо, и ти, мое тело – не сте едно и исто. И во тебе, моја душо, има свои поводи за радост и свои поводи за болка.

Рускиот рок во своите најдобри песни – тоа се болни убоди во совеста. Тоа е борба за право на мислење, за право да се биде сам, за право да се излеле од толпата и од попсата. Кога сè наоколу тоне во беспросветен оптимизам, кога официјалната пропаганда ветува дека ќе устрои комунизам или дека барем ќе ја стигне Португалија по број на климатизери на души на населението – рускиот рок те застрашува и говори: „А ти знаеш, Небото станува поблиску“.

Тоа и е Божик (Рождеството): Небото се соединило со земјата, со тебе. Христос може и илјада пати да се раѓа во Витлеем, но за тебе во тоа нема никаква полза, ако Тој барем еднаш не се роди во твојата душа.

Рождеството – тоа е одговорот на Данте: „Ги подигнав очите кон Небото, да видам – ме гледаат ли мене“. Тоа е главното прашање во животот на човекот: потребен сум јас, љубам ли јас, или сум само космичка прашина?

Рождеството – тоа е првиот чекор кон главната тајна на христијанството: сите религии во светот говорат за тоа, какви жртви луѓето се должни да им принесуваат на своите богови, а само Евангелието говори за тоа, каква жртва Бог им принел на луѓето.

Христос дошол кај вас!
С Рождеством вас, люди!

Ѓакон Андреј Кураев

Оставете коментар

1 Comment on "Слово на концерт: Рок кон небото"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Бог те поканува да бидеш Негов гостин Послушај, душо моја Божик е. Со нас е Бог. Ти дојде! Слово на концерт: Рок до небото […]

wpDiscuz