Скандал во Грција: Розовиот митрополит

Пред неколку дена, грчкиот весник „Акрополис“ излезе со ултиматум до Светиот Синод на Грчката Православна Црква, заканувајќи се дека, доколку Црквата не реагира, весникот ќе објави снимка на којашто се гледа како еден митрополит остварува мажеложнички однос со друг маж. Според весникот, снимката им била испратена од анонимни членови на Синодот, кои пак, биле гневни поради фактот што Неговото блаженство, архиепископот г.г. Јероним се обидувал да го прикрие случајот.

По добиениот ултиматум, Црквата побара од весникот дополнителни информации околу личноста на компромитираниот митрополит. На барањето, весникот одговори дека се работи за митрополит чијашто катедра е сместена на територијата на Пелопонез, но и дека видеоклипот од сексуалниот чин е со времетраење од 32 минути.

Скандал во Грција
Скандал во Грција

Повторно преку соопштение, Црквата побара подетални информации, како и факти и докази за наводниот скандал со розовиот митрополит, за истиот да биде изведен пред црковен и световен суд.

Иако помина цела седмица од првичниот ултиматум, обвиненијата и заканите не престануваат и од двете страни коишто не можат да се договорат околу предавањето на потребните материјали за започнување на постапка пред црковен суд. Одбивањето на весникот да ги предаде материјалите се правда со непочитувањето на дадениот ултиматум, како и инсистирањето истото да се изврши во јавност, со присуство на новинарски и ТВ-екипи пред кои би се пуштил дел од видео-материјалот.

Црквата инсистира дека случајот ќе биде разгледан и соодветно проследен и разрешен, со цел да се отстранат било какви сомнежи, додека пак весникот тврди дека и овој случај, како и многу други, ќе биде прикриен.

За потсетување, во мај годинава вомировениот епископ на СПЦ, г. Василиј Тузлански (Качавенда), беше предмет на сличен скандал, а пред само две седмици истото се случи и во Бугарија – на јеромонахот Кирил, игумен на Тројанскиот манастир, му беше изречена привремена мерка – целосна забрана за свештенослужење.

Врски: Dogma.gr

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz