Сите преподобни и богоносни отци, кои на Света Гора Атонска засветлија

Почитувањето на светителите е основен елемент на православното предание и живот. Преку црквите посветени на нивниот спомен, преку нивните живи икони во вечноста, преку поетичните богослужби, преку нивните интересни житија, преку постојаното повикување на нивните имиња, овие луѓе за нас се многу живи и нивната благодат се вклучува во животите на верните, зајакнувајќи ги, поддржувајќи ги и осветувајќи ги.

Света Гора, Собор на сите светогорски светители

Света Гора, Собор на сите светогорски светители

Не е невообичаено за Црквата да се моли на светителски хорови, наместо на индивидуи. Така, ние ги почитуваме младенците убиени од Ирод, отците од Вселенските собори, како и мачениците кои страдале во голем број при различни прогонства. Затоа, тешко би било за чувствителната, поетична, монашка и богословска душа на светиот Никодим Светогорец, да се воздржи од откривањето на даровите и прегрнувањето на севкупната група на автентичните богоносни отци, монаси и подвижници, кои засветлиле во подвигот на Света Гора. Достојно и праведно е да ги почитуваме нивните животи, и Црквата низ целиот свет да ги почитува, за нивниот овоземен модел и божествена благодат да им бидат покажани на верните за да ги вдахноват и осветат. И токму на овој начин било напишано прекрасното и духовно богослужебно дело на службата за „нашите блажени и богоносни отци кои засветиле на Света Гора“.

Света Гора, Собор на сите светогорски светители

Света Гора, Собор на сите светогорски светители

Еден современ старец, старецот Паисиј, велел дека и доколку св. Никодим Светогорец не напишел ништо друго, и во случај да не сме знаеле ништо повеќе за неговиот живот, самиот факт дека тој ја создал оваа величествена служба би бил доволен за да нѐ убеди за неговата светост и уникатна благодат. Се работи за служба која, освен тоа што, секако, ги слави светогорските светињи, истовремено ја сведочи и светоста на самиот химнограф.

Животот на еден светогорски светител е посебен на чудесен начин, препознатлив по „инаквоста“ во неговата природа. Во целата светска историја не постои ништо како Света Гора. Се работи за единствена работилница на светоста, богатство на различни патишта на целосна посветеност, патишта кои водат кон врвот на „најголемата преобразба“. Истовремено, тоа е еднонасочен пат кон завршува со „созерцување на величието Божјо и зеркање на Неговата слава“.

Кога неизмерната и неизречивата тајна на Божјата вистина се преточува во слова, тогаш може да зборуваме за опит на просветлување. Но, кога оваа вистина се искажува со помош на поезија на која ѝ нема рамна, се преточува во вдахновена музика и се открива со особен глас, тогаш секое „скрушено срце“, „прободено од копнеж по Бога и изменето од божествената љубов“ го возведува до духовен восхит и мистично вознесение.

Света Гора, Собор на сите светогорски светители

Света Гора, Собор на сите светогорски светители

Празникот на блажените и богоносни светогорски отци е со променлив датум, и се празнува во втората недела по Педесетница. Оваа недела, овој празник го празнувавме на 18 јуни. Истовремено, тој е и слава на братството Данилеи од Катунакија. Фотографиите се од овогодинешната слава.

Митрополит Николај Месогејски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz