Слово дваесетто – преподобен Симеон Нов Богослов

1. Кои се тие кои воистина Бога Го љубат; од што љубовта кон Бога се раѓа и преку што [таа] се нарушува? Изненадени се некои кога глаголиме дека не сите христијани Христа Го љубат. Но, Христос да се љуби не значи ништо друго од [тоа] да се исполнуваат Неговите заповеди, како што самиот Тој логосел: „кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној кој Ме љуби“ (Јн. 14,21); така и христијанинот кој заповедите Негови не ги пази, кога вели дека Христа Го љуби, невистинува. Оти, секој татко кој синови и ќерки има и за нив се грижи, [како] и секој кој си роб си купил или наемник примил, на од краиштата крајот да ги има сака, ги храни и облекува, и сè што им е потребно ним им доставува, за да му помагаат тие и во домот да го служат. Но, дека од нив никој волјата негова не ја твори и не го извршува делото наложено штом увиди, дали ќе се задоволува единствено со тоа синот и ќерката да му велат: ти си таткото наш, а робот и наемникот: ти си господарот наш? Секако, не. Та и Бог така не се задоволува единствено со тоа што некој дека Го љуби вели, а заповедите Негови не ги твори. Затоа и говори Тој преку пророкот Свој: „но, ако сум Јас Отецот, каде е почитувањето кон Мене? И ако Господар сум Јас, каде е стравот од Мене?“ (Малах 1,6). Од тука, христијанинот кој Бога не Го прославува со исполнувањето на наредбите Негови и пазењето на заповедите Негови, од неверните во ништо подобар не е, ако не и полош од нив.

Црква

А, заповедите и наредбите Божји говорат: тоа и тоа твори го, а тоа и тоа не твори го. Доволно не е само зло да не се твори, ами добро да се твори потребно е. При тоа, неопходно е да се исповеда дека за христијанинот невозможно е зло да не твори, и секое добро да го твори никако поинаку освен со силата на Духот Свет, даруван на оние кои со сета душа во Христа поверувале и од сатаната се одрекле, и од сите дела негови и своето служење на него и сета гордост негова, и кои со Христа се споиле и со Него се соединиле. Променлива и превратна е природата човечка, и само природата божествена непревратна и непроменлива е. Но, христијанинот кој заедничар на божествената природа во Христа Исуса станува, во Господа нашиот со примањето на благодатта на Духот Свет, метаморфирајќи и променувајќи се со силата Негова во состојба богоподобна, станува по благодат бог, на Оној Кој во него ја совршува промената таква, на Господа Исуса Христа, Сонцето на правдата се оличува. Сиот себеси христијанинот на Христа Господа се предава, а Христос Господ во него оваа промена ја совршува, и по благодат бог го сочинува.

Неможно е христијанинот по себе сам промена ваква да сотвори, и со дарот на оваа промена од Христа облагодатен нема да е, доколку овој од срцето сето не Му се предаде Нему. Затоа, христијанинот кој со благата промена неизменет е, поради тоа природата своја да не ја осудува, ами волјата своја слободна, оти не посакал самиот на Христа да Му се предаде седушно; зашто, уверува Апостолот , [дека] штом некој со Господа соединет е, еден дух со Него е (1 Кор. 6,17). И Господ Самиот глаголи: Во Мене бивајте, и Јас во вас ќе пребивам. Како што прачката род од себе да роди не може сама, ако на лозата не остане, така и со вас е, ако во Мене не пребивате. Јас лозата сум, а вие прачките. Кој во Мене пребива, и во него Јас, тој велик плод плоди, оти без Мене да творите [само] ништо можете. Кој во Мене не остане, ко прачка надвор исфрлен ќе е, и осушен ќе е, и собран та во огин фрлен ќе е, и изгорен (Јн. 15,4-6). И повтор: пребивајте во љубовта Моја. Штом заповедите мои ги пазите, во љубовта Моја ќе останете, ко што Јас ги пазев заповедите на Отец Мој и во љубовта Негова пребивам (Јн 15,9-10). Уште и: по тоа сите ќе познаат дека Мои ученици сте, ако љубов меѓу вас имате (Јн 13,35).

Ко што ученикот граматички, говорнички, философски, поетски, сликарски и друг секој, по својот учител познаен бива, така и христијанинот, ученикот Христов, по Христа познат бива, по Господа и Бога, Учителот свој добар, од Кого толку возљубени бевме, та поради нас и словек постана, и душата Своја за искупувањето наше ја предаде. Затоа, кој љубов нема, како може како ученик Христов познаен да биде? И спротивно, кој љубовта ваква ја има, нека и не може подвизи велики и трудови да поднесе, а со неа единствено се стекнал, тогаш по законот на Учителот наш, Христос, на самиот врв на совршенството од светиите доспеал. Оти, напишано стои така: кој другиот го љуби, законоисполнител е (Рим. 13,8), и: кој братот свој го нељуби, а го гледа, како Бога може да Го љуби, а не Го гледа? (1 Јов. 4,20). И пак: ако глаголи некој: Бога Го љубам, а братот свој го омразил, лажго е [исто]. Но, за љубовта слушајќи, нека не прелести некој дека дело леснодостижно е таа. Љубовната заповед велика и важна бива. Затоа и од почетокот Бог во природата човечка една љубителна сила внушил, и родителите децата свои природно ги љубат, роднините взаемно се љубат, и пријателот своите пријатели ги љуби. Но, таа природна сила љубовна, на помош на словесната природа човечка дарувана ѝ е, за таа природа кон сеопштата љубов да прибегне, благоволна и спонтана. Великата, Богомдаруваната заповед на љубовта, не за природната, ами за благоволната љубов прословена е.

2. Какви се делата на љубовта кон по Бога ближните?

Дека заповедта на љубовта од сите заповеди најголема е, и дека на сите добродетели глава е, повисока од секој живот исправен и сите дела многутрудни, за тоа чуј што Апостолот свет Павле, устата Христова, глаголи, таму каде што залудни и бескорисни ги објавува петте воистина велики дарови; имено, даровите јазични, пророчки, верата чудотворна, милосрдечното делење и мачеништвото, и глаголи: „Ако и јазици човечки и ангелски логосам, а љубов немам, бивам ко ѕвоно што ѕвони, ил кимвал што ѕвечи. И пророштва да имам, и мистерија секаква и сегносис, и силноверие такво што и ридови да преместувам, а љубов немам, ништо сум. И сиот имот свој да го дародарам, и телото свое на спалување го предадам, а љубов немам, ми користи низашто“. Потоа, умувајќи дека зачуден од овие логоси, би можел да праша некој како се можни делава велики без љубов да се творат, тој недоумницата ја разрешува и глаголи: „Љубовта долготрпелива е, милокрвна; независтна е; не се возвеличува, не се превознесува, не твори што не чини, свое не бара, несрдлива е, за зло не мисли, на неправда не се радува, а на вистина се радува, сè сносува, верува на сè, се надева на сè, трпи сè. Љубовта престанува никогаш. Со тоа покажа јасно, дека полиглотите можат да се возгордеат, како и [дека] оние кои пророштвуваат и чудотворна вера имаат, слава да посакаат можат; на оние кои милостињи даваат, славата и честа од оние кои благодарат може да ги задоволуваат, а оние кои на мачења се предаваат, за себе високо можат да помислат. Но, завршувајќи го своето слово на овој начин: „љубовта никогаш престанува“, покажа дека коренот на љубовта е смиреномудрието; исто како што коренот нема каде да падне, оти постојано во длабочината на земјата престојува. Кој мисли дека љубов има, а долготрпение и милосрдие нема, завидува и несочувствителен е, се гордее и гневи, свое бара, се тревожи и зломисли, се радува на неправда, а се нерадува на вистината, ја нема полнотата – ја нема сета вера, и ја нема сета надеж, и не трпи сè, таквиот љубов нема, а глаголајќи дека ја има, лаже.

3. Љубовта е на Законот глава.

Богомдарованиот закон на луѓето, од љубовта се состои, која два степена има, како што и законот двосилен е – стар и нов. Оној кој на првиот степен дошол, земјата долу ја оставил, а на степенот втор, и небесата ги достигнал. Законот Стар глаголи: ближниот свој ко себеси љуби го (Лев. 19,18), а Новиот логоси: „и непријателот свој возљуби го“ (Мт 5,43); уште слови: и душата своја за ближниот положи ја. Така, оној кој непријателот го возљубил, достигнал на вториот степен, всушност, небото го достигнал. Отспротива, воколку некој не само што непријателите ги гони, ами и ближниот го мрази, и на оној кој го љуби му злотвори, таквиот до подземјето пропаднат е. Да се потрудиме, братја, совршената љубов да ја стекнеме, и Царството небесно да го придобиеме во Христа Исуса, нашиот Господ, Кому Му е славата во еоните. Амин.

Свети Симеон Нов Богослов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz