Што значи возгласот „Повелите“ што некогаш се кажува на Литургија?

sonce

Грчкиот збор „келевсон“ во богослужбените текстови преведено е на словенски јазик како „повелите“. Зборот се употребува на архиерејска Литургија при ракополање на презвитер или ѓакон, но и на Литургија на Претходноосветените Дарови пред зборовите „Светлината Христова ги просветува сите“. Според професорот-литургичар Михаил Скабаланович, со овој возглас церемонијал-мајсторите ги повикувале чиновниците на царски приеми да влезат во еден, или во друг дел од дворецот, или да излезат.

„Очигледно, на почетокот од бдение овој возглас се појавил во вид на вообичано присуство на царот и првичната смисла била – дозвола од царот за да започне службата. Но, во горенаведениот случај, употребувањето на зборот може да се поврзе и со излегувањето на свештеникот од олтар (откако свештеникот искадил) и доаѓањето до средината на храмот. Овој возглас, кој најверојатно го кажувал некој прислужник на свештеникот, и го повикувал свештеникот да излезе од олтарот, е ист со повикот дворскиот церемониал-мајстор. Во секој случај, овој возглас укажува на особена торжественост на тој момент и на таа служба (како и на другите служби каде што се користел). Карактеристично е тоа што тој од градскиот типик влегол дури и во манастирските богослужбени типици, како Ерусалимскиот. (Скабалланович М.Толковый Типикон. Гл. 2).

Јеромонах Јов Гумеров

Оставете коментар

1 Comment on "Што значи возгласот „Повелите“ што некогаш се кажува на Литургија?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

ме потсети на мојот дедо Димитар, Мицо, тој на гостите им викаше, запувилејте, акцентирано на вториот слог од крајот, т.е. заповелете 🙂 да се послужат со тоа што го има трпезата, а на одење бараше прошка од нив

wpDiscuz