Што се јаде по причестувањето?

bogosluzba

Постои мислење дека на денот на причестувањето не смее да се јаде месо. Таквото мислење потекнува од неправилното сфаќање на духовната смисла на постот. Постот пред причест е востановен како подвиг на воздржание, за да стекнеме благоговејна атмосфера за примање на големите тајни. По причестувањето, ако нема пост, може да се јаде сè.

Црковните правила пропишуваат да се постат востановените пости, но забрануваат гнасење од месото или од било која друга храна. Апостолските правила велат: „Ако епископ, презвитер, или ѓакон, се оддели од брак, месо и вино не поради подвиг на воздржание, туку поради гнасење, заборавајќи дека сè што Бог создал е добро – таквиот да се поправи, или да биде разрешен од свештениот чин. Исто и со мирјанинот.“ (51 правило)

Коменаторот и епископ Никодим Милаш, вели дека ова гнасење од месо и вино потекнува од еретиците – гностици, кои ја мразеле материјата.

Јеромонах Јов Гумеров

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz