Што се доброто и злото, и кога тие дејствуваат?

Доброто е Самиот Господ, сè што доаѓа од Него, и сè што Го окружува. Доброто исто така можело да се најде во човечката природа пред падот, и потоа, преку промената [на природата човечка], преку обожението. Доброто е исто така суштина на она што е правилно и разумно, и се наоѓа во односот меѓу нив. Тоа е целосно отсуство на неразумност, изопаченост и искривеност.

Од друга страна, злото е искривеност и отсуство на сето она што го опишавме како добро. Што и да се роди од злото вклучува елементи и делови на смртта, токму тоа „тело на смртта“ чијшто татко и поттикнувач е ѓаволот и неговите бројни слуги.

Од една страна, доброто има живот и суштина, затоа што е битие и доаѓа од Бога. Од друга страна, злото не постои како битие, ниту како единка, туку било создадено како паразит од отсуството на доброто, исто како што темнината се јавува во недостиг на светлина. Злото само по себе е „небитие“ и е непостоечко, и оттука не смееме да дозволиме да ни се заканува и да се плашиме од него. Нашата сопствена запуштеност и вероломство му даваат содржина на злото. Тоа е како кога некој ја гасне сијалицата и е покриен со темнина.

Словото Божјо, Самовистината, сведочи на оваа стварност: „Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура“ (Мт. 12,30). И повторно, ова е значењето на Неговото барање да останеме со Него, како совршена добрина: „Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо“ (Јн. 15,4-5).

Старец Јосиф Ватопедски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz