Отец Серафим Роуз за екуменизмот

Ставовите на преподобниот отец наш Серафим Платински во врска со екуменизмот, помалку или повеќе, ни се познати. Неговиот однос кон екуменизмот и новотарењето во Црквата често се покажуваат како вистински патоказ во денешното време во кое соблазната на релативизмот не недостасува. Сепак, во подоцнежните години од неговиот живот, гледајќи како луѓето ги нарекуваат припадниците од другите Помесни Цркви „еретици“ само затоа што овие биле присутни на екуменистички собори, тој се потрудил да го дефинира неговиот став по ова прашање. Во „Одбрана на о. Димитриј Дудко“, преподобен Серафим пишува:

Некои лажи-зилоти за Православието го употребуваат терминот [екуменизам] на потполно пренеодреден начин, како самото користење на терминот или [самиот] контакт со една „екуменистичка“ организација, само по себе [да] е ерес. Ваквите гледишта се, јасно, претерани. „Екуменизмот“ е ерес единствено доколку вистински го вклучува [во себе] одрекувањето дека Православието е вистинската Црква Христова. Малкумина православни лидери од екуменистичкото движење пошле дотаму; но, повеќето православни учесници во екуменистичкото движење не кажале ни олку; и малкумина (како покојниот о. Георгиј Флоровски) ги имаат само разлутено Протестанитите во екуменистичкото движење преку честите изјави на екуменистичките собори дека Православието е Црквата Христова.

Сигурно, човек треба да го критикува учеството, па дури и на последниве, во екуменистичкото движење, кое во најдобар случај е лажливо [заводливо] и нејасно во поглед на природата на Христовата Црква; но, човек не може таквите луѓе да ги нарекува „еретици“, ниту некој може да потврди дека, освен малкумина православни претставници, некој вистински го исповедал екуменизмот како ерес. Битката за вистинско Православие во наше време не е помогната од ваквите преувеличувања.

На едно друго место, тој нагласува:

Прекумерната реакција против екуменистичкото движење го има истиот световен дух којшто е присутен во самото екуменистичко движење.

Цитатите се од книгата “Father Seraphim Rose: His life and Works” (стр. 996,997) од јеромонах Дамаскин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz