Гледање нагоре

Светото Писмо, делата на Светите Отци, примерите од животот на светителите, службите на Црквата – сите овие работи се поврзани, не со световноста во нашиот секојдневен живот, туку со нашето поврзување со Небото. Со гледање нагоре на овие работи, стануваме способни за ревност; а тоа е, да видиме дека има нешто што е над оваа рутина на осветовеност, која е многу досадна, обесхрабрувачка и не води никаде. Но овие повисоки работи – овие служби, приказни за луѓе кои воскреснале од мртвите, животот на светителите, делата на Светите Отци, Светото Писмо, толкувањата на Светите отци на делови од Библијата, кои се многу длабоки некогаш – овие работи секогаш нè прават многу ревносни, ако имаме искра љубов кон Господ во нас. Ние сакаме да живееме во таква состојба и да отидеме во рајот. Но оваа ревност, сама по себе, мора да биде таква да не доаѓа само во избилици и потоа да исчезнува. Мора да биде таква каква што ќе трае. Тоа значи дека ревноста мора да биде темпирана од нешто подлабоко, а тоа подлабоко е тоа што св. Серафим (Саровски) го вика воздржување; тоа е, ревност која е постојана и постојано напредува – еден вид на постојана точка за целиот твој живот. Те тера да продолжиш дури и кога си обесхрабрен, зашто гледаш дека има нешто над, кон кое ти се стремиш, и кое што не зависи од твоето расположение или мислење. Тоа е нешто што мора да биде твоја постојана сопственост. Треба твоето воздржување(ограничување) да стигне до Небото. И ова ограничување, или поточно оваа ревност која станува ограничување, мора да биде постојана, за да не оди горе-долу и да угасне.

Во сè што се случува, мораме да гледаме на повисоката страна, која е духовната страна; зашто ако некогаш гледаме на повисоката страна а некогаш на пониската, ќе одиме горе-долу. А пониската страна е толку моќна, дејствува дури, како што видовме во животот на св. Патрик и во златната доба на Христијанството: дури и преку епископи, преку оние кои требало да бидат вистинските кои го водат јатото кон Небото. Тие можат да бидат спротивни, зашто се исто така луѓе. Тие всушност можат да бидат и обесхрабрувачки, држејќи ги луѓето далеку од таа цел во нашите времиња, што секако, дури е и полошо.

Затоа, ако гледаме некогаш нагоре, некогаш надолу, ако одиме еден чекор напред, еден назад, а потоа еден напред, па два назад, просто нема да стигнеме до вратите од Небото. Мораме да бидеме постојано таму каде што сме, некако барајќи духовна реалност. Имам интересен цитат од Авва Доротеј од Газа кој го прочитавме неодамна во црква, и кој дава малку асоцијација за ова. Тој вели: „Добро е, браќа, како што ви велам секогаш, да ја полагате надежта за секое дело на Бога, и да велите дека ништо не се случува без волја Божја. Секако, Господ знаеше дека ова беше добро и корисно и плодотворно, и затоа Тој го дозволил, иако оваа работа има и надворешна причина.

На пример, можам да речам дека колку и да изедов храна со поклониците, и да се присилив себеси малку за да им бидам нивни домаќин, (тоа е, дека претерав), затоа мојот стомак беше отежнат, и се појави вкочанетост во моите стапала, и затоа се разболев. Би можел исто така да цитирам многу други причини за оној кој ги бара. За оној кој ги бара, за него нема полза од нив. Но најсигурни и плодотворни работи да речеме се: навистина, Бог знае дека ова би било поплодотворно за мојата душа, и затоа се случи на овој начин. Зашто за сè што Бог создава, нема ништо за кое што може да се рече дека не е добро. Зашто на почетокот Тој создаде сè, и воедно, сè беше многу добро. И затоа никој не треба да тагува над она што се случило, но во сè треба да ја полага надежта на Божјата Промисла, и да одмара“

Преподобен Серафим Роуз

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz