Сега Силите Небесни со нас невидливо служат…

Литургијата на Претходноосветени дарови на светиот отец наш Григориј Велики, папа Римски, е централното богослужение преку кое ние, верните, се движиме низ Великиот Пост. Истото во голема мера се разликува од литургиите на коишто сме навикнати. Во следниов период ќе објасниме неколку особености на оваа литургија.

Наместо херувимската песна, на оваа литургија верниот народ молитвено ја пее „Ниње сили небеснија“. Текстот, на црковнословенски гласи:

Ниње сили небеснија с нами невидимо служат: се бо входит Цар слави, се жертва тајнаја совершена дориноситсја, вјероју и љубовију приступим, да причастници жизни вечнија будем: Алилуја, Алилуја, Алилуја.

Преводот на македонски:

Сега Силите Небесни со нас невидливо служат: оти, еве, влегува Царот на славата; еве, веќе принесената таинствена Жртва доаѓа, свечено пратена. Со вера и љубов да пристапиме, за причесници на вечниот живот да станеме. Алилуја, Алилуја, Алилуја.

На почетокот на оваа песна се отвораат Царските двери, и ѓаконот ја кади Трпезата, светото Предложение и свештениците. Потоа, свештенослужителите се поклонуваат три пати, секој пат молејќи се според зборовите на истата химна. Потоа го целиваат Престолот и одат кон Жртвеникот, за да го започнат Великиот вход.

Оставете коментар

1 Comment on "Сега Силите Небесни со нас невидливо служат…"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Сега Силите Небесни со нас невидливо служат… […]

wpDiscuz