Сега е денот на спасението!

„Дојде постот, мајката на целомудреноста“ [т.е. на душевната чистота]. А какво беше времето до овој ден? Време на блудничење? Душата блудничеше со сето она што, како пријатно, ќе ѝ се појавеше пред очи – и со лицата, и со стварите, а уште повеќе со гревовните страсти. Секој има своја страст на која во сè ѝ угодува. Секој нека ја познае својата Далила која го врзува и предава на злите непријатели, и нека ја напушти. И ќе ти биде дадено повеќе отколку на Сампсона: не само што косата, т.е. благомислието, ќе израсне, не само што ќе се врати силата, т.е. силата на волјата, туку и очите ќе се отворат, т.е. умот ќе стане светол и ќе те погледне Господ. Оти, сега се наоѓаш во првата светлина. Ете, сега е најпогодно време! Ете, сега е денот на спасението!

Св. Теофан Затворник


Отец Игор Здравковски, За здравиот однос кон постот

„Добродетелта на постот не ја ограничувај само на храната. Вистинскиот пост не претставува само одрекување од различна храна, туку одрекување од страсти и гревови.“

Св. Василиј Велики

Покрај великопосната молитва на св. Ефрем Сириски, како и Преждеосвештените Литургии, една од првите асоцијации кога ќе се спомене Великиот Пост е, секако, Великиот покаен канон на светиот Андреј, архиепископот Критски, што се чита на Големото повечерие во првите четири дена во првата седмица од Постот (во делови), како и на Утрената богослужба во четвртокот во петтата седмица од Постот (целосно). Според блаженоупокоениот отец Александар Шмеман, овој канон „може да се опише како покаен плач што ни го открива пространството и бездната на гревот.“

Великиот канон на св. Андреј Критски: Понеделник (со белешки)

Оставете коментар

1 Comment on "Сега е денот на спасението!"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Сега е денот на спасението! (понеделник од првата седми… […]

wpDiscuz