Седум или десет дена

Монах и крст

тринаесетто послание до нас, самите

Седум или десет дена? Колку денови да одиме на одмор? Седум се малку, десет се многу… Осмина или четвртина бурек со месо? Третина е многу, четвртина е малку…. Чаша лимонада или шише? Чаша е малку, шише е многу…

Сѐ е математика. Математика за стомакоугодието и за чревоугодието.

Шест недели плус Страсната… седум. Точен резултат,ама само математички. Седум.

Исполнети со откажување, трпеливост, смирение, милост, искушенија, одрекување, запазување, молитви, љубов, послушност, пак молитви, богослужби, вечерни, канони, пак љубов, исповеди, покајание. Причест и соединување со Бога.

Не е седум. Вечност е.

Кочовски Ѓорги

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz