Седмица посветена на Светото Писмо

И оваа година, во периодот од 18 до 24 јуни се организира Седмица посветена на Светото Писмо во организација на Движењето за организирана духовна обнова на Македонија – ДОДОМА. Следи програмата на Седмицата.

сабота , 16. 6. 2012 од 17 до 21 часот
– настан пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
„Можност да добиете одговор на ваши прашања посветени на православното христијанство“

На настанот , освен што посетителите ќе може да им поставуваат прашања и да разговараат со свештенослужители од Скопската Епархија на МПЦ – ОА, на истиот ќе се промовираат и продаваат изданија од издаваштвото на Скопската Епархија и Библиското здружение на Македонија.

понеделник, 18. 06. 2012 од 18 и 30 часот
– голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Свечено отварање на Седмицата.

Предавање: „Месијата – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот народ Божји – Црквата“.
Предавач: Митрополит Европски г. Пимен

вторник, 19. 06. 2012 од 18 и 30 часот
– голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани не го читаат Светото Писмо?“
Учесници на трибината: протоѓакон проф. д- р Ратомир Гроздановски, презвитер Горан Стојчески, Горан Величковски

среда, 20. 06. 2012 од 18 и 30 часот
– голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Предавање: Толкување на Беседата на гората – 1. дел.
Предавач: презвитер Ивица Тодоров

четврток, 21. 06. 2012 од 18 и 30 часот
– голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Предавање: Толкување на Беседата на гората – 2. дел
Предавач: презвитер Ивица Тодоров

петок, 22. 06. 2012 од 18 и 30 часот
– голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Предавање: Толкување на Беседата на гората – 3. дел
Предавач: презвитер Ивица Тодоров

сабота, 23. 06. 2012 од 18 и 30 часот
– голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Дискусија: „За Божјиот избор и призив за водство на Народот Божји“; дискусијата ќе се одржи по филмот: „Мојсеј“.
Учесници на дискусијата: презвитер Игор Калпаковски, презвитер Горан Тасески, јеромонах Атанасиј Арсоски

недела, 24. 06. 2012 од 9 часот
– Црква „Св. Георгиј Победоносец“ Чаир – Литургија

од 19 часот, во дворот на црквата „Св. Георгиј Победоносец“ – Чаир

Поетско – музички настан со коктел; свечено затварање на Седмицата.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz