Четврта по ред Седмица на Светото Писмо во Скопје

Оваа недела (22 јуни 2014г.) ќе започне четвртата по ред Седмица на Светото Писмо.

Тема за оваа година:

НЕМА ИЛИ ИМА излез од ограниченоста на овој и ваков свет?

Програмата е следна:

Термин Локација Предавач / Воведничар Тема
Недела, 22.06.2014
19:00
Музеј на Македонската борба, Скопје Презвитер м-р Ивица Тодоров Свечено отварање и промоција на книгата „Евангелска катихеза“ од Петко Златески и Валентина Крстевска
Понеделник, 23.06.2014
18:30
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ г. д-р Наум, Митрополит Струмички „Патот на спасението како единствен излез од ограниченоста на овој свет со злото, гревот и смртта“
Вторник, 24.06.2014
18:30
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ презвитер Горан Стојчевски, презвитер м-р Ивица Тодоров и претставници од Христијанскиот младински ангажман „Правец“ „Младиот човек од 21 век и неговиот однос кон духовноста, Црквата и Светот Писмо“
Среда, 25.06.2014
18:30
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ презвитер м- р Ивица Тодоров „За промислата Божја како водство и излез во личниот и општествениот живот“
Четврток, 26.06.2014
18:30
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ архимандрит Дамаскин Лесновски „За подвижничкиот живот во денешниот обезбожен свет“
Петок, 27.06.2014
18:30
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ презвитер Горан Тасески и презвитер Никола Николески Прикажување на филмот посветен на св. архиеп. и лекар Лука Војно – Јасенецки и дискусија на тема „Светоста како Излез“
Сабота, 28.06.2014
18:30
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ презвитер Игор Калпаковски, д-р Милан Ѓорѓевиќ, д-р Здравко Савевски, д-р Александар Спасеноски Трибина: „Вистината и вредностите запишани во Светото Писмо како излез за општествените духовни, етички, социјални и идеолошки кризи и проблеми“
Недела, 29.06.2014
19:00
Музеј на Македонската борба презвитер Горан Стојчевски, презвитер м-р Ивица Тодоров и претставници од Христијанскиот младински ангажман „Правец“ Свечено затварање на Седмицата и промоција на стихозбирката „Барајќи го Зборот“ на д-р Коста Милков

Организаторите ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да земат учество во дискусиите и трибините.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz