Треска на саботната вечер

„Секоја земна грижа сега да ја оставиме…“
(Иже херувими, Велик вход)

Пред три децении се појави еден филм кој го кодифицираше начинот на кој Американците гледаат на саботната вечер (се мисли на филмот „Треска на саботната вечер“ или „Saturday night fever“, заб. на прев.).

Од шеесетите години на минатиот век, концептот на мирна и молитвена саботна вечер, подготовка за Господовиот ден, исчезнува. Можеби ова се должи на исчезнувањето на концептот на бдение пред некој црковен празник на протестантскиот Запад – или, уште попрецизно, на самото славење на црковни празници. Можеби се должи на римо-католичкиот концепт на служење на повеќе миси во еден ден – еден вид на попатни 30-минутни миси кои овозможуваат изборен пристап во духовниот живот на верниот народ.

Ништо не ги поматува плановите на нескротливиот индивидуализам по кој енергично трчаме како (обврската) да бидеме реално заедно. Поминувањето на саботната вечер – или уште поточно, еден дел од саботната вечер – на Вечерна или бдение, ги подготвува православните Христијани за централното Таинство на животот: Светата Причест. Оттука, има смисол да ги оставиме нашите планови, нашата забава и себеугодување, за да се подготвиме да земеме удел во Таинството кое нè прави (да бидеме) едно: едно со Христа, и едно еден со друг.

Можеби би било фер доколку вината за запоставувањето на воскресните Вечерни од страна на православните Христијани ја префрлиме на лошите навики на иноверните, или на забрзаниот ритам на нашиот материјалистички западен свет.

Но, како и за сè друго во духовниот живот, најголем дел од вината може да биде положена врз нас, како православни христијани – секој еден од нас – кој, во борбата за оставање на секоја земна грижа, најчесто се решаваме повеќе внимание да им посветиме на земните грижи, отколку на Телото и Крвта Христови, давајќи им приоритет пред заедничарењето со нашите браќа и сестри во Христа. Затоа, молитвено да се решиме да учествуваме во овој основен дел од нашите животи, поради преобразувањето на нашите души, и обновувањето на нашите животи. Со Божја помош, да одлучиме оваа подготовка да биде вклучена во нашата седмица, секоја седмица, и волно да го понесеме Крстот на оставање на нашите грижи во саботната вечер, па какви и да биле тие.

Презвитер Џефри Корц

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz