Сакаш да видиш светител? Погледни во огледало!

Во сабота (11 јули 2015 год.) се навршија 22 години од блаженото упокојување на светиот старец Софрониј од Есекс, ученик на св. Силуан Атонски. Неговиот живот е специфичен по многу работи: како дипломиран академски ликовен уметник ја напуштил Русија во 1921 година, и кратко време престојувал во Италија и Германија, за потоа да живее во Париз. Во 1926 година заминал за Света Гора, каде останал до 1947. Подоцна се сели назад во Париз, од каде заминува во Англија, каде пак, започнува со издавањето книги за неговиот старец. Од 1958 со благослов на Митрополитот Антониј Сурошки основа манастир посветен на св. Јован Крстител, во кој останува до неговото блажено упокоение на 11 јули 1993 година.

Додека не го сретнав старец Софрониј, си мислев дека светител е некој од минатото… Дека тоа е некој кој живее на столп висок 15 km, и може да се види само со дурбин… дека тој е оддалечен што е можно повеќе од луѓето. А старец Софрониј ни велеше: „Сакате да видите светител? – Погледнете во огледало! Мислите дека тој што ќе го видите не е светител? Да, не e… тој е светител во подготовка… И, како изгледаат светителите? Ете, сега знаете како изгледаат.

Ова е само дел од она што Отец Рафаил Ноика, романски јеромонах кој долго време живеел во манастирот во Есекс, го научил од светиот старец. Погледнете го видеото и сетете се на неговите зборови следниот пат кога ќе се погледнете во огледало, искрено испитувајќи се колку вредно работате на оваа задача.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz