Печатницата на РПЦ испечатила календар посветен на животот на Сталин!

Голем број на православни Руси деновиве не им веруваа на своите очи кога беше откриено дека Патријаршиската печатница учествувала во печатењето на годишниот календар за 2014 посветен на животот на поранешниот диктатор, Јосиф Сталин.

Конзервативната печатница „Достоинство“, која учествувала во печатењето на календарот, се наоѓа во Троице-Сергиевата Лавра, еден од најпознатите манастири од околината на Москва. Минатата година испечатила годишен календар посветен на руските цареви којшто го продавала за двојно поскапа цена (400 рубли = 540 македонски денари), наспроти овогодинешниот календар на Сталин, кој чини само 200 рубли (околу 270 македонски денари).

Она што ги соблазнува верниците во Русија е фактот што, како што наведува црковниот историчар г. Михаил Бабкин, Сталин е познат како најкрвавиот диктатор и најостар гонител на Црквата.

Московската Патријаршија сè уште не излезе со соопштение по повод настанатата соблазна, а според Ројтерс, лицето задолжено за печатењето било отпуштено за, како што се наведува, печатење на „морално неприфатливиот календар“.

Извор: РИА Новости & dogma.gr

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz