Послушај, душо моја

Монашка градина

Ти Самиот Си дошол при мене, сиромавиот и за ништо добар слуга каков што сум; мојот Господ дојде при мене, Неговиот непријател и отпадник; мојот Учител дојде и ја посведочи Неговата љубов кон човештвото, кон мене.

Послушај, душо моја: Бог дојде кај нас, нашиот Господ нè посети. Заради моето спасение Тој се роди од Дева Марија, Оној Кој роден е од Отецот пред сите времиња. Заради моето спасение Тој беше повиен во повој, Оној Кој го покри небото со облаци и се облекува Себе си облека од светлост. Заради моето спасение Тој положен беше во бедни јасли, Оној Чиј престол е на небесата и Чии нозе почиваат врз земјата. Заради моето спасение Тој доен беше со мајчино млеко, Оној Кој сета твар ја нахранува. Заради моето спасение Тој носен беше во рацете на Својата мајка, Оној Кој е носен од Херувимите, и Кој во Својата прегратка сета твар ја држи. Заради моето спасение Тој обрезан според законот беше, Оној Кој го создаде законот. Заради моето спасение Тој Кој не може да биде виден видлив стана и живееше меѓу луѓето, Оној Кој е Бог мој. Мојот Бог постана како мене, како човек; Словото постана плот, и мојот Господ, Господ на Славата, заради моето спасение прими облик на слуга и на земјата поживеа, и по неа одеше, Оној Кој е Цар на Небесата“.

Свети Тихон Московски

Оставете коментар

1 Comment on "Послушај, душо моја"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Послушај, душо моја […]

wpDiscuz