Рождественски пост

bozik-gruziska

Рождественскиот пост, прагот на Рождеството, е прекрасен период. Индустријата денес е доста развиена. Само видете колку нешта имаме: православен саем, дури и православни ресторани. Посната кујна кај нас е доста развиена. Постот е добар период. Мала промена на трпезата никогаш не е на одмет.

Но, да не го заборавиме најглавното – зошто ни треба сево ова?

Кога влегуваме во храмот, да не заборавиме, дека сѐ што правиме, на Бога во принцип не Му е потребно. Тоа ни е потребно нам. Многу едноставна мисла, сосема банална. И сите ова го знаат, и секогаш го забораваат.

Забораваме, не затоа што не нѐ служи помнењето, туку едноставно поради нашата детска природа. Бог е Наш Татко, а ние Негови деца. А децата, обично секогаш се расеани: ќе се заиграат и ќе заборават нешто.Мајката вели: „Оди напиши ја домашната задача! Сега! Напиши ја!“ „Сега? Уште не завршив со играње!“ вели детето и бега. Мајка му го стигнува, се разбира, го тепа, го седнува на маса и му вели: „Седни, напиши ја задачата! Твоите петки мене нема да ми требаат, туку тебе. Ќе бидеш неписмен – во фабрика ќе работиш“.

Приближно вакви се живите односи – она што се случува во Црквата. И тоа за нас се случува, тоа е токму постот. Затоа, лесно е да се пости, удобно, и весело, затоа што ние од него имаме полза. Нели е така?

Алкохоличарот, кој сака да пие, од вотката има полза и привремено задоволство.

Момчето и девојката во дискотека, играат до зори, до разденување, затоа што им се допаѓа, затоа што така сакаат.

А нам?

Треба на човек да му се допаѓа да пости. За да разбере зошто тоа го прави и за тоа да му биде задоволство.

Но, ако постот е само аскеза, аскетска вежба, тогаш тој е поблизу до спортот, отколку до пиењето вотка. Тој е поблизу до спортот, односно е сврзан со болка. Луѓето кои одат во сала за вежбање, знаат што е болка (не остра, акутна, трауматска, туку нормална мускулна болка). Тоа е добар знак. Добар знак дека мускулните влакна се шират, растат, се зголемува масата. А како поинаку? Затоа на луѓето тоа им се допаѓа. Разбираат дека тоа е од полза, затоа на плажа убаво ќе изгледаат…

Така и оној кој пости треба да извлече од постот полза и задоволство, дури и ако таа е поврзана со некаква болка и непријатност.

При аскетскиот однос најмногу треба да се занимаваме со себеси. А ние најчесто се занимаваме со себеси за некои други прашања: како христијански да му помогнеме на нашиот ближен кога тоа од нас ќе се побара. Ајде да им помогнеме на сиромашните и на болните! Надвор бездомникот се смрзнува под оградата – ајде на некое топло место да го однесеме (сѐ уште не зборувам за тоа да го однесеме дома и да го избањаме). Ах, не, ние треба да се занимаваме со себеси, со своето богосозерцание, богомислие…

Не. Не треба така да постапуваме. Со себеси треба да се занимаваме точно во аскетска смисла. Ние да постиме, да се вежбаме, да се бориме, да се измачиме самите себеси.

Не треба другите да ги тераме да постат. Тогаш постот ќе донесе радост. Затоа што за себеси сѐ уште некако можеме да се погрижиме, а ако се грижиме и за оние околу нас… Едниот не си го забележал, другиот тајно побегнал, престанал да пости, третиот, четвртиот… Децата насилно ги тераш да постат, а тие не сакаат: ти им туркаш некаква чорба без масло, а тие некаде тајно чипс ќе се најадат…целосна грижа. Ќе го изгубиш сонот и апетитот.

Треба да се сеќаваме дека постот е радосно дело, дека ни е потребен за нашето духовно здравје, а и за телесното исто така. И затоа, откако човек еднаш ќе се позанимава со себеси за време на постот, значи дека тој најдобро ќе може мерката на постот да си ја определи самиот.

„О, колку ужасна ерес!“ – велат луѓето. „Не оди тоа така. Свештеникот треба да ја определи мерата на постот!“

Секако. Се разбира. Ако човек има духовник, со него нека разговара. Но, исто толку полезно е и главата на рамена да се чува.

Човек има цел комплет болести: чир на желудник, панкреатитис, дијабетес. Таквите му приоѓаат на свештеникот (со кој одамна добро се познаваат) и му велат: „Оче! Јас згрешив! Благословете ми пост на млеко!“ „Петра! Сто години те знам! Колку пати едно исто?!“

Затоа, пред сѐ треба самите да одлучиме, да ја определиме нашата мерка. Ова не значи дека човек треба да ги листа одредбите за постот, туку да види што тој мисли за себе, за својата душа, за својата духовна состојба и да се обидува да дознае како постот може да ја подобри неговата духовна состојба. Ова значи, дека човек воопшто мисли на својот христијански живот. Тоа е многу добро.

А веќе потоа, веќе со тоа што тој размислил, оди да се советува со духовникот или со уште некој. Нели, луѓето не живеат сами, а постот воопшто е христијанско дело.

Човекот живее во Црквата, и затоа за сѐ се советува со Црквата, барем во лице на Нејзините претставници – парохиските свештеници.

И се разбира, на сите им посакувам според можноста весел, прекрасен, добар, лесен пост, кој ќе донесе само полза и никаква штета.

Свештеник Сергиј Круглов

Оставете коментар

1 Comment on "Рождественски пост"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Рождественски пост […]

wpDiscuz