Ресурси за оние што сакаат да научат новогрчки

Грчки јазик

Доколку сте започнале самостојно да учите грчки јазик, сигурно сте наишле на голем број веб страници што тврдат дека ќе ви помогнат да го совладате новогрчкиот. Сепак, ретко која страница навистина се покажала како добар ресурс за постигнување на вашата цел. Бидејќи и ние сме поминале по овој пат, решивме да креираме една почетничка листа со веб страни, апликации, речници и видеа за кои сме уверени дека ќе го помогнат процесот на усвојување на овој навистина богат јазик:

1. Free online material for Learning Greek

Аудио-визуелен изворник со 80 лекции (сите се бесплатни) со соодветни транскрипти. Важно: сите материјали се на грчки јазик, така што сигурно ќе ви биде потребен речник, или барем стариот и добар Google Translate.

2. Мобилна и веб апликација Memrise

Достапна за Android и iOS, но и директно од прелистуваш, оваа апликација со сигурност ќе го забрза вашето усвојување на нови зборови и фрази за било кој јазик. Одделот со бесплатни курсеви по новогрчки (но и старогрчки) е достапен на следниот линк: Greek Courses.

3. Wordreference

Еден од најдобрите и најбогати онлајн речници.

4. Modern Greek Verbs

Како што самиот наслов кажува, овде имате сè што ве интересира за глаголите во новогрчкиот јазик. Ама буквално сè.

5. Νεοελληνική Γραμματική

На овој сајт може да се најдат неколку навистина добро сумирани белешки во .pdf за граматиката на новогрчкиот јазик.

6. About the Greek Language

Материјалите на Хари Фундалис можеби не се за апсолутни почетници, но се многу корисни и обемни. Можеби ќе сакате да причекате и да ги совладате основите пред да се впуштите во користење на овие материјали, но сигурно не сакате да го превидите овој ресурс.

7. Учете грчки

Мал портал посветен на учење грчки, со 105 аудио датотеки, белешки, дијалози и форум за дискусија. За да пристапите до материјалите за учење треба да се регистрирате, но, без грижа: членството е бесплатно.

8. Cooljugaor

Кул конјугатор на најчестите глаголи од новогрчкиот јазик.

Се надеваме дека предложените линкови ќе го помогнат процесот на учење на новогрчки. Сепак, за подобри резултати во учењето не заборавајте секојдневно да слушате музика, да гледате филмови или да читате вести на новогрчки. И не срамете се: сите ние правиме грешки кога учиме некој јазик.

Καλή επιτυχία!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz