Развод според Евангелието

Венчание

Еден млад брачен пар дошол кај остарен духовник со молба за да ги разведе. Несогласувањето на карактерите го навеле како главна причина за развод. Духовникот разумно ја сослушал нивната молба па рекол:

– Проблемот е тежок и мораме да го решиме. Одиме! Јас ќе ве развенчам.

Мажот и жената радосно со отецот отишле во храмот, предчуствувајќи дека за брзо време ќе падне нивниот неуспешен брак од нивните рамења и дека со чиста совест ќе пронајдат нови партнери за нов брак.

Старецот влегол во олтарот, ја облекол празничната бела одежда, запалил свеќи… Сè било како на венчавката. Го поставил парот пред амвонот, ги отворил царските двери и во рацете го зел престолното Евангелие кое тежело 16 килограми. Му пришол на младоженецот и свечено го прашал:

– Сакаш ли ти, раб Божји Јован, да се разведеш од рабињата Божја Елена и да ги погазиш заветите дадени на Бога за време на венчавката и да станеш кривоклетник?

-Да чесен оче, сакам! – одговорил Јован.

Тогаш старецот замавнал со Евангелието и го удрил по главата. Додека мажот закрепнувал од шокот, старецот ѝ пришол на невестата и со ист свечен глас ја прашал:

– Рабињо Божја Елена, сакаш ли да се разведеш од работ Божји Јован, да го погазиш заветот даден пред Бога и да постанеш кривоклетничка?

– Да, чесен оче сакам!, одговорила Елена.

Во храмот одекнал ударот од Евангелието по главата на сопругата, па старецот повторно застанал пред младоженецот и му го повторил истото прашање. Добил потврден одговор и старецот повторно замавнал со Евангелието и го треснал младоженецот по глава. Потоа пришол кај невестата за да ја повтори процедурата.

Одел така старецот од еден до друг се дури мажот и жената во очај не извикале:

Оче, но до кога ќе трае овој чин на нашето разрешување?

– Сè дури смртта не ве раздели! -одговорил старецот.

Сопружниците трчајќи побегнале од храмот. Во една споредна улица кога дошле до воздух, почнале да си ги местат еден на друг развлечените коси, да си ги допираат џумките на главите и цврсто одлучиле да не се разведуваат.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz