Раскинете ги срцата свои, а не облеката

Св. пророк Јоил

Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од сè срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото. Кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господа, вашиот Бог? Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир. Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженецот од својата одаја и невестата од својата горна одаја. Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа и нека велат: „Смилувај се, Господи, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува – каде е нивниот Бог?” (Јоил 2,12-17).

Кој уште го слуша овој глас што се јавува во Црквата? Кога среде плоштад од небото би се јавил глас: „Смилувате се, луѓе, на самите себеси, за и Господ да ве помилува“, можеби некој би го слушнал и би се освестил од пијанството на утехите, похотите и виното. Свештениците не престануваат да возгласуваат: „Смилувај се, Господи!“. Меѓутоа, од Господа доаѓа страшен одговор: „Нема да ги помилувам, зашто никој не бара да го помилувам.“ Сите Му свртеа грб на Господа. Сите се оддалечија од Него и Го заборавија.

Среда од Сирна седмица
Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz