Наскоро пресуда за Пуси Риот

По долго одбивање да напишеме нешто за Пуси Риот, сметаме дека сепак сме должни да ја пренесеме и другата страна на приказната, а со цел да ве известиме за предизвиците изродени од моралната ерозија со којашто се соочува руската држава. Од самиот почеток се извинуваме за експлицитните содржини кои би можеле ве обеспокојат.

Рускиот панк бенд „Пуси Риот“ моментално очекува судска пресуда за обвинението за хулиганство и сквернавење на црквата на Христос Спасителот во Москва. Имено, на 21 февруари оваа година трите девојки, членови на оваа панк група, влегоа во црквата и театрално (а според многумина и речиси сатанистички) изведоа музички перформанс во кој богохулејќи и однесувајќи се недолично, ги навредуваа и исмеваа верниците и семејните вредности за кои тие се борат, ја повикуваа Богородица да ги спаси од Владимир Путин и бараа поголеми права за хомосексуалците и целата ЛГБТ заедница.

Следи видеото со превод на англиски јазик (предупредување: видеото може да ве вознемири). Доколку преводот не е активен, истиот може да го активирате со клик на CC.

Овој чин наиде на воодушевување во западните медиуми, кои набрзо ги издигнаа до статус на икони на граѓанската борба за слобода во Русија. Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека е „длабоко вознемирен“ од, како што инсинуираше, „политички мотивираниот прогон“, додека пак Амнести Интернешнл ги нарече трите панкерки „затворенички на совеста“. Мадона, Пет Шоп Бојс, и други јавни личности од Русија и светот ги окарактеризираа затвореничките како херои, и упатија апел за нивно ослободување.

Она на што медиумите ставаат акцент е само еден дел од приказната. Имено, при пренесување на веста за перформансот на овие девојки, тие обрнуваат внимание на стихот „Богородице Дево, прогони го Путин“, давајќи му единствено реакционерско-политички контекст на чинот, целосно заборавајќи на богохулењето, сквернавењето на амвонот и трауматизирањето на верниците коишто во тој момент се затекнале во црквата. Стиховите како „црни ризи, златни еполети“ и „парохјаните лазат и се поклонуваат“ речиси и да не се спомнуваат, ниту пак алудирањето на непотребноста од Црквата како моќен бранител на јавниот морал „Духот на слобода е на небесата, Геј прајдот е окован и испратен на Сибир“.

„Главата на КГБ е нивниот главен светител“ продолжуваат девојките, алудирајќи на поранешната позиција на рускиот лидер. После тоа следи една мантра што ги спојува светото и фецесот (sic!), и уште една што се противи на поддршката што Путин ја има од црковните достоинственици.

Помалку познатата историја на Пуси Риот

Ова не е прв испад на членките на панк триото.

Во 2008 година, тие упаднале во московскиот Природнонаучен музеј, се соблекле голи и започнале „ритуал за плодност“ како протест против изборот на Димитриј Медведев за претседател. Ритуалот се состоел во коитус меѓу Надежда Толоконикова (член) и нејзиниот сопруг на очиглед на сите присутни.

Во друг наврат Марија Алекина, исто така член на групата, објавила видео на кое се гледа како таа влегува во еден супермаркет и мастурбира, употребувајќи нога од кокошка. Еден друг испад пак, ги прикажува како поставуваат слика на огромен фалус на еден од мостовите во Санкт-Петербург.

И додека претставниците на американската поп-култура и медиуми флертуваат со триото што моментално се наоѓа во притвор, неколку звучни имиња од руската забавна сцена, вклучително и Земфира и Мумиј Трол јавно го искажуваат своето гадење од делото на Пуси Риот. Некои, како пејачката Елена Ваенга, јавно се оградуваат од нив, велејќи: „Јас лично ќе се напијам една чашка во име на судијата што ќе ги стави во затвор“.

Религиско гонење од страна на руските либералисти?

Александар Штипков, православен новинар гонет во советско време, на сквернавењето гледа како на „ладен, бескрвен терористички чин“. Според него, луѓето што ги поддржуваат овие девојки бараат од Црквата да го прифати секуларниот систем на вредности – набројувајќи ги тука – моралниот релативизам, екуменизмот, политичката коректност и другите законитости наметнати од консумеристичкото општество. „Црквата никогаш нема да ја прифати ваквата секуларна Реформација“, нагласува тој.

Според д-р. Игор Белобородов, директор на Рускиот институт за демографски истражувања, Пуси Риот како цел за напад ја избрале токму Црквата затоа што православните свештеници активно се залагаат за традиционалните семејни вредности, и јавно ја сведочат вистината за хомосексуалноста и другите сексуални девијации. „Очигледно, во ширењето на културата на смртта, сите акции на овој бенд се добро испланирани проекти за оцрнување на Црквата и уништување на семејството“, дополнува д-р. Белобородов.

„Токму затоа анти-христијанското лоби денес вложува огромни ресурси за да ги прикаже овие три девојки како „маченички“, додека всушност, се работи за опасни анти-морални терористки кои се борат со општеството, Црквата и нашите деца“, заклучува тој.

Погледнете:

Путин побара поблага казна за панк групата Пуси Риот
Пресуда за девојките од Пуси Риот за 10 дена
Руските културни икони застанаа зад Pussy Riot

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz