Противотров за депресијата

Конзумеризам

Нашето време е окарактеризирано како време на раскош и конзумеризам.

Сета технологија, напредокот на науката, многуте уживања и материјалните наслади заедно со економската криза создадоа многу проблеми кај луѓето и наезда на психолошки проблеми: мрачни лица, разни неврози, страв, смут, стрес тага и притосок.

Дури и младите се раздрмани од интензивни проблеми, внатрешни конфликти, душевни болести и неподносливи изолации. Убави, млади, образовани и богати луѓе се без насмевка – депресивни и песимистични. Ова е епоха на освојувања, откритија, профит и успех, но луѓето се чувствуваат осамени, без душевно здравје и без утеха и радост. Во мода се меланхоличните лица. Однесувањето на младите, разните ноќни забави, навлекувањето на наркотици, прекумерната конзумација на алкохол, болната зависност од многучасовното седење на интернет и многу други слични нешта само го заоструваат проблемот и не нудат никакво решение. Некои луѓе по секоја цена сакаат да го уништат своето здравје, да го скратат својот живот, без никаков интерес за иднината. Статистиките се многу тажни. Денес, во целиот свет страдаат 340 милиони луѓе од сериозни проблеми со душевното здравје. Светската здравстена организација известува дека повеќе од половина од населението во Европа и Америка страда од депресија, меланхолија, лесна форма на депресија.

Современиот човек искрено и со болка сфати дека, ниту младоста, ниту убавината, ниту славата и успехот, ниту многуте пари и прекрасните облеки не ја даваат толку очекуваната радост и хармонија.

Но, зарем оваа мрачна состојба не им одговара на големите корпорации да се збогатат, произведувајќи антидепресиви? Светите отци на нашата Црква велат дека прекумерната депресија е од лукавиот дух на тагата, кој води до депресија и меланхолија. Прецизно е кажано дека состојбата на тага, понекогаш може да стане болно-пријатна, односно, форма на умерен садомазохизам. Навиките на нашето современо општество изразуваат и покажуваат огромно разочарување, кое доаѓа од недостиг на вредности и од само-изолираност.

Секој човек, ако се подвизува и реално сака, може директно од животот да отфрли сè што не му дава вистински оптимизам, радост и задоволство.

Така човекот ќе има спокој, тишина и утеха. Совеста ќе му биде спокојна, животот – мирен и сонот – сладок. Поетот Т.С. Елиот, вели: „правејќи нешто полезно, зборувајќи нешто добро, гледајќи во нешто вистинско убаво, самото по себе е доволно за да го разубави твојот живот“. Достоевски, пак, вели: „Убавината ќе го спаси светот“. Факт е дека злото, лукавото и бесрамното провоцираат и соблазнуваат, но доброто, благото, свештеното и убавото се тие што секогаш вистински привлекуваат и најдлабоко трогнуваат. Православното предание има сила, истрајност, смисла, вера, утеха и надеж. Единствено нешто, што може да го оттргне искуството на одредени луѓе да го искоренат од срцата тоа богато и живо предание, е да се зголеми тагата. А денес настапи време на реално барање и повтрорно поврзување со историјата и преданието. И тоа е противотров за големата душевна болка на нашите времиња.

Останува само брзо да реагираме, да бараме и да се исцелиме. Не се издржува бессмислен и црн живот.

Јас мислам дека не преувеличувам и не сум старомоден.

Архимандрит Мојсеј Светогорец

Оставете коментар

1 Comment on "Противотров за депресијата"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
wpDiscuz