Проштевањето е почеток

А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.” И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.” (Јн. 20, 21-23)

Првиот дар на Светиот Дух примен од апостолите, пред излевањето на Неговите дарови на Педесетницата, била силата да се прости. Проштевањето е почеток на духовниот живот. Тоа е почеток на крајот на себе-одвојувањето од Бога и другите луѓе. Проштевањето го расчистува патот за другите дарови, овозможувајќи раст.

Сепак, пречките до проштевањето се многу реални. Особено кога гледам дека другиот/другите се однесуваат лошо. Навистина, многу е лесно да го видам тоа. Но, можам да побарам благодат од Бога да „гледам“ поинаку, како што Тој гледа: Тој гледа дека сите ние се бориме или се однесуваме лошо, на овој или оној начин. Сите ние се браќа – соборци.

Треба да го побарам дарот на проштевање, затоа што Бог ми го нуди ако го побарам: И кој татко од вас, ако синот негов му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, па да му даде змија место риба? Или, ако побара јајце, да му даде скорпија? И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат?” (Лк. 11, 11-13).

Монахиња Васа Ларин

Оставете коментар

1 Comment on "Проштевањето е почеток"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Господи! Дај ми очи кои гледаат само добро во луѓето, срце кое простува секаква навреда, памет кој го заборава секое зло, и душа која никогаш не губи вера. Амин!

wpDiscuz