Прошетка низ светот во чест на св. Георгиј Победоносец

Во чест на празникот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец (попознат меѓу народот под името св. Ѓорѓи и св. Ѓорѓија), решивме да направиме една „мала“ прошетка низ светот и да ви пренесеме фотографии од повеќе цркви и манастири посветени токму на неговиот свет спомен.

Секако, прошетката ја започнуваме токму од државата што го носи името на овој свет воин – Грузија.

Ломиси, манастир на св. Георгиј

Ломиси, манастир на св. Георгиј

Ломиси, манастир на св. Георгиј

Гори, црква на св. Георгиј

Гори, црква на св. Георгиј

Од Грузија се селиме на југозапад, во Тел Авив, во градот Лод (историски наречен уште и Лида), во црквата на св. Георгиј Победоносец во којашто се чуваат и моштите на св. Георгиј.

Моштите на св. Георгиј Победоносец

Внатрешноста на црквата во Лида

Продолжуваме единаесет илјади километри јужно, во едно сосем нетипично место на кое не ни посмислуваме кога зборуваме за христијанството, особено не за православието, а тоа е во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, и катедралната осмострана црква посветена токму на св. Георгиј. Инаку, Етиопската црква е миафизитска ориентална христијанска заедница, и не е дел од православната Црква, иако во своето име го задржала тој термин.

Етиопска црква „Св. Георгиј“

Катедрална црква на св. Георгиј во Адис Абеба

Се селиме на север, во Руската Федерација, каде големо множество на цркви и манастири се посветени на славниот победоносец Георгиј. Од нив, ги издвојуваме:

Краснодар

Краснодарската црква на св. Георгиј

Шоанска Гора, Черкесија

Црквата на св. Георгиј од 10. век на Шоанската Гора во Черкесија

Крим

Манастирот на св. Георгиј на Крим

Секако, во оваа прошетка не смееме да го заборавиме светогорскиот Зографски манастир, посветен токму на овој великомаченик.

Зографски манастир

Зографски манастир, Света Гора

Од црквите и манастирите во нашата земја, ги издвоивме црквата на св. Георгиј во Старо Нагоричане (Кумановско-осоговска епархија) и Раичкиот манастир (Дебарско-кичевска епархија) во кого има и честица од моштите на светиот Георгиј.

Црква на св. Ѓорѓи, Старо Нагоричане

Црквата во Старо Нагоричане

Манастир Рајчица, Дебар

Манастир Рајчица

И тука ја завршуваме нашата прошетка.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz