Просете мир за Ерусалим

Со оглед на моменталната состојба во нашата држава, предложуваме во молитвеното правило да го додадете апостолското четиво што се чита на службата за мир (зач. 221, Ефес. 2,14-22).

Браќа, Христос е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата, што беше меѓу нив, откако со плотта Своја го уништи непријателството, а со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили, за да создаде во Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир, и во едно тело да ги помири обата народа со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството. И, откако дојде, Он ви благовести мир, на вас далечни и блиски. Зашто преку Него и едните и другите имаме пристап при Отецот, во еден Дух. И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и свои на Бога, оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен на темелот Самиот Исус Христос, врз Кого целото здание, стројно зглобено, прераснува во свет храм на Господа; врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиштето Божјо преку Духот.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz