Времето посно светло да го почнеме…

[Видео: Оптинска пустина, Чин на проштевање пред почетокот на Постот, 2013г.]

Паѓам во очајание, кога мислам на делата мои, Господи, достојни за секакви маки, зашто, ете, откако ги презрев чесните Твои заповеди, Спасителу, животот мој блудно го потрошив. Затоа се молам, откако со водата на покајанието ќе ме очистиш, со пост и молитви како единствен милостив просвети ме, Преблаг Добротвору на сите, и не гнаси се од мене.

Времето посно светло да го почнеме и на духовни подвизи себе да се подложиме; душата да ја очистиме, телото да го очистиме; да постиме од секоја страст како од храна и со добродетели духот да го насладуваме; со љубов во нив усовршувајќи се, да се удостоиме сите да го видиме сечесното страдање на Христа Бога и светата Пасха, духовно радувајќи се.

стихири од Вечерната во Сирната недела

Отците велат дека е лесно да се бара прошка од сите заедно; она што е тешко е да се проси прошка, но и да се проштева на секој човек засебно (велеше една баба в црква, на сите ќе им простам, ама на снаа ми никогаш). И ние, како уредници на Агапи, од секој еден од вас смирено молиме да ни простите за секоја неправда, и тага, и навреда што сме ја предизвикале кај секој еден поединечно.

Добри пости!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz