Приказна за трите дрвја

Пред многу години во далечната Палестина три дрвја стоеја на падините од едно морско пристаниште.

Секое од овие дрвја имаше свои надежи и сништа за тоа што би било кога би пораснало.

Првото дрво се пофали неговото стебло ќе се искористи за еден голем и убав ковчег за богатство. Ковчегот ќе бил украсен со светли златни шарки, изгладен и светнат. Внатре во него ќе имало големи богатства, скапоцени камења во боите од виножитото, и златни и сребрени парички.

Второто дрво тврдеше дека ќе биде обликувано во еден убав пловечки брод. Бродот ќе пловел по морињата, патувајќи во далечни и егзотични места. Патници ќе биле цареви и војници и државници кои ќе се восхитувале на убавината на бродот, на глатките и безбедни патувања кои им ги овозможува.

Третото дрво се изјасни дека нема да биде исечено и употребено за задоволување на потребите на човекот. Напротив, ова дрво ќе било ставено поради неговата убавина и сила. Луѓето ќе ги погледнеле неговите гранки, ќе помислеле на Бога и ќе ја славословеле Неговата слава, гледајќи кон небесата.

И така, еден ден на падината кадешто стоеја трите дрвја дојдоа тројца мажи со секири во рацете. Првиот човек му пристапи на првото дрво; го разгледа, и заклучи дека ќе може да го употреби, та го исече. Вториот човек го погледна второто дрво, го проучи неговиот квалитет, и го исече. Третиот човек се загледа во крошната на третото дрво, кое пак ги испружи гранките уште повисоко, надевајќи се дека ќе биде оставено да живее. Сепак, третиот човек процени дека дрвото совршено се вклопува во неговата замисла, и го исече.

Надгробни крстови
Надгробни крстови

И така, од првото дрво, дрвото што сонуваше да стане ковчег за богатство, направија јасли. Јаслите беа продадени на еден пастир, кој ги стави во неговата пештера, во којашто ги чуваше и хранеше своите животни. Во јаслите ставаше слама, и животните јадеа од неа. Сè додека една вечер во пештерата не дојдоа една млада жена и нејзиниот сопруг, барајќи засолниште за нив, и за штотуку роденото Дете од неа. И во тие јасли Го положија нејзиниот Син. Токму во тој момент, првото дрво знаеше дека во себе Го чува најголемото богатство на светот, Божјиот дар за човекот. А, како што Младенецот спиеше во јаслите, ангелите воспеваа славоловија, а една ѕвезда на небото силно засветли.

По некое време, од второто дрво направија мал рибарски кораб. Ги снема неговите сништа за тоа да стане голем брод. И така, во коработ секојдневно пловеа едни рибари и нивниот улов. Одеднаш, една вечер, се појави страшна бура и брановите го носеа коработ ваму-таму; тој пак, на секој начин се обидуваше да не се преврти. Човекот, пак, Кој ги водеше овие рибари воопшто не се исплаши од бурата. Напротив, ги прекори Своите пријатели поради нивниото маловерие и страв. Потоа, застана среде коработ, ги крена рацете, и заповеда да настапи мир. И бурата веднаш запре. Во тој момент второто дрво знаеше дека во него има Човек поголем од сите земни цареви, војници и државници, и дека е дел од една поголема авантура одошто можело некогаш да си замисли.

Третото дрво помина многу години во една дрвара, сè додека едно петочно утро не беше извлечено од трупот дрва. Од него направија распетие, и го положиа на грбот на еден преморен Човек, Кој беше страшно претепан. Човекот беше присилен да го носи распетието до еден рид, кадешто распетието го ставија во земја. Човекот потоа беше воздигнат на крстот, а рацете и нозете му ги заковаа на него. Дрвото се стресе од страв и жал, чувствувајќи ја болката на Човекот. Се срамеше што беше дел од тој призор. И, кога Човекот на него умре, страшна бура се симна од небесата, а земјата се стресе. Во тој момент дрвото почувствува како силата Божја зрачи преку него.

Два дена подоцна, утрото во неделата, сонцето изгреа и радост и топлина го исполни воздухот.

Љубовта Божја направи првото дрво да биде убаво. Второто, пак, да биде силно. Но, секој пат кога луѓето погледуваат на третото дрво, тие помислуваат на Бога.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz