Препораки за две книги

Вистинска слободаНеодамна излезе од печат книгата „Вистинската слобода: романски новомаченици и исповедници“, во издание на Струмичката епархија, a по повод педесет години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ – ОА. Во книгата се опфатени житија и поуки на новомаченици и исповедници за време на комунистичкиот режим во Романија (1942 – 1964).

„Книгата е полна со потресни делови, кои произлегуваат од богатата ризница на светите срца на овие луѓе. Како што вели Димитру Бордејану: ’Сведоштва откинати од душата и разумот на група млади и чесни воини пред Бог, млади кои поставија за цел сѐ што имаа добро во нив, а во служба на правдата, слободата и верата. Свесни за нивната историска задача, храбро и до највисокото жртвување им служеа на народот и на Христовата Црква‘“ (о. Константин Митев, извадок од воведот на книгата).

Средствата од продажбата на книгата ќе бидат наменети за изградба на параклис во Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско, Струмица.

По повод Светскиот ден на преведувачот, „30 Септември“, во Скопје, оваа книга ја доби наградата „Архиепископ Гаврил“ за најуспешен превод од областа на духовната литература за 2017 година од страна на Сојузот на литературни преведувачи на Македонија. За нарачки на оваа неверојатно добра книга, може да се обратите кај о. Константин Митев, на телефонскиот број 070/435-580.

+++

Ширење на срцетоУште еден значаен превод, овој пат во издание на Скопската епархија, вреди да се спомене: книгата Ширење на срцето, со поднаслов: „Бидете и вие широки“ (2 Кор 6, 13) во богословието на свети Силуан Атонски и на старец Софрониј од Есекс, од aрхимандрит Захариј Захару а во превод на проф. д-р Иван Додовски. Авторот, отец Захариј Захару, е духовно чедо на отец Софрониј Сахаров, и монах од манастирот „Свети Јован Крстител“ во Есекс, Англија. Во книгата, која е зборник од слова произнесени на свештеничкиот годишен собир на Антиохиската Православна Црква во Америка, одржан во Вичита, Канзас во 2001 година, отец Захариј преку призмата на учењето на отец Софрониј Сахаров и свети Силуан Атонски, но и преку својот долг монашки опит, говори за суштествени теми: обожувањето, молитвата, смислата на духовното раководење, а во последните два текста, додадени како апендикс, отецот говори за монаштвото. Притоа, бидејќи станува збор за беседи, после секој од текстовите (транскрибираните слова) следуваат прашања и одговори, во кои отец Захариј дополнително го пројавува својот богат пастирски и молитвено-аскетски опит.

Книгава, за која сметаме дека е прекрасен и редок настан во богословската издавачка дејност на македонски јазик, може да се најде во Книжарницата на Скопската православна епархија, во просториите на Архиепископијата, а во најскоро време ќе биде достапна и во сите градски парохиски цркви во Скопје, како и во скопските книжарници.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz