Преподобен Јоаникиј Ракотински

Св. Јоаникиј Ракотински, канонизација

Тропар, гл. 3

Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие,
којшто си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот.
Така, твориш чудеса преку моштите свои
за сите што доаѓаат и верно ти се молат.
Затоа, прими благодарен глас:
Радувај се, рамен со древните светии.

Кондак, гл. 4

Последувајќи Го Господа од дете,
и посакувајќи ја монашката схима,
отче Јоаникие, си зачекорил мудро,
имајќи ги како образец преподобните на Црквата,
на чиј живот еднаков си се покажал;
затоа Христос со чудеса многу те прослави
и твоите подвизи ги уважи.

Св. Јоаникиј Ракотински, канонизација

Св. Јоаникиј Ракотински, канонизација

Богослужба: Јеромонах Атанасиј Симонопетриски
Превод на македонски: Јеромонах Кирил и јероѓакон Анатолиј (Бигорски манастир)
Извор: „Преподобен Јоаникиј Ракотински: житие, последование, акатист“, САС на МПЦ-ОА
Фотографии: Фактор.мк

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz