Премудроста ги повикува неразумните

Грузиски крст

Чудесно е како Премудроста ги повикува неразумните: „Кој е неразумен, нека наврати кај мене“ (Мудр. 9,4). Од ова следи дека „умните“ немаат пристап во домот на Премудроста или во светата Црква. Секоја „умност“ треба да се остави покрај влезот во тој дом. Од друга страна, бидејќи секоја мудрост и знаење се во домот на Премудроста, тогаш надвор од него, вон светата Црква, може да се најде само безумност, незнаење и слепост. Колку е чудесно делото Божјо! Влегувајќи во Црквата, остави го својот ум, и ќе станеш вистински умен; остави ја својата самостојност, и ќе станеш вистински независен; отфрли се самиот себеси, и ќе станеш прав владетел со самиот себе. О, кога светот би ја разбрал оваа премудрост! Меѓутоа, ова е сокриено од него. Не разбирајќи ја Премудоста Божја, тој го крева гласот против неа, и продолжува да ги држи безумните „разумници“ во нивната ослепеност.

Св. Теофан Затворник
Мисли за секој ден во годината

За христијанинот, носењето на крстот станува сѐ полесно и порадосно од ден на ден, додека за неверникот, тоа станува сѐ потешко и помачно. Зошто е тоа така? Затоа што, едниот го носи крстот свој со вера и љубов кон Бога, а другиот – со роптање и гнев.

Св. Инокентиј Алјаски

Оставете коментар

1 Comment on "Премудроста ги повикува неразумните"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Премудроста ги повикува неразумните (среда од третата седмица) […]

wpDiscuz