Прашуваме: „Што да правиме?“ – Одговара св. Антониј Велики

1. Авва Памво го праша св. Антониј што да прави, и тој му одговори: „Не надевај се на својата праведност; покај се вистински поради поранешните гревови, зауздај го јазикот, срцето и стомакот“.

2. Истото прашање му го постави и авва Пимен, а Антониј му одговори: „Пославно од сите други дела што човек може да ги направи е – исповедањето на своите гревови пред Бога и старците, осудувањето на самиот себе, и подготвеноста за напади од секакви искушенија до последен здив“.

3. Некој друг го праша: „Што да направам за да Му угодам на Бога?“, а тој одговори: „Каде и да одиш, секогаш имај Го Бога пред очи; што и да правиш, барај потврда за тоа во Светото Писмо; и не напуштај го лесно местото каде што живееш. Запази ги овие три заповеди и ќе се спасиш“.

4. Аввата советуваше еден ученик: „Бегај од својот стомак и барањата од овој век, злобната похота и човечките почести, за да не бидеш во светот, и ќе пожнееш мир.“

5. На еден брат, кој немал ревност, и кој го молел да се моли за него на Бога, авва Антониј му одговорил: „Ниту јас, ниту Бог ќе се сожали на тебе, доколку ти самиот не се погрижиш за себе, и доколку не се молиш на Бога.“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz