Прашања: за семејното насилство, за смртта…

Може ли православниот маж да си ја бие жената?

Не, не може. Не може еден православен маж да ја бие својата православна или неправославна сопруга. Секој треба да биде авторитетен во семејството, и тој авторитет е должно да биде поддржан не само од човекот за чиј авторитет станува збор, туку и од неговите блиски. Мажот е како планина која треба да стои зад жената, и жената – зад нејзиниот сопруг.

Да се крене рака врз сопругата, значи да се згреши пред Христа, и покрај тоа – да се биде неспособен за еден нормален човечки дијалог, а не животински.

Насилството врз еден човек е целосно недозволиво.

За семејното насилство, за смртта...

Слушнав за еден човек, лекар, кој целиот живот лекувал болни од рак, а потоа и самиот заболел од таа болест, и умрел не многу стар. Како Бог го допуштил ова?

Ваквото нешто се среќава често, и не само во медицината, туку и во духовниот живот. Човекот зема удел со оние, на кои долго време им помагал.

Како Бог го допушта ова? Не само што Бог го дозволува, туку Тој и му испраќа на човека вакви или онакви животни прилики, кои нему би му биле најполезни и неопходни во дадениот момент. Тоа што човекот умрел како последица од болеста, верувајте, тоа не е трагичен настан, не е неславен крај на еден славен живот, туку само дел од животот на еден човек. Затоа што ние веруваме во Христа и во животот по смртта.

[На прашањата одговара презвитер Игор Томин]

Оставете коментар

1 Comment on "Прашања: за семејното насилство, за смртта…"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Hristos Voskresna Pocituvani iako veb stranata se vika agapi ,ljubov, sepak mojot prv komentar e edna pesna za edna tazna ljubov sto zgasnala i mu ja posvetuvam na lekarot sto umrel lecejci gi bolnite od rak. pozdravi Makedonka Georgievska Prijatelstvo Da pieme ovaa noc, drugari Da pieme za edno novo prijatelstvo I za edna ljibov sto zgasnala I vo prijatelstvo se pretvorila. Da peime za eden pocetok I eden kraj Za site sonovi neostvareni I idnina vo magla, za site solzi isteceni vo potoci I reki za polesno da otplovi edna ljubov nevozmozna sto vo prijatelstvo sega se pretvorila. Negovoto… Read more »
wpDiscuz